Дејноста за здравствена заштита на училишни деца и младина се остварува во 34 места пунктови, кои сите се во град.
Во оваа дејност работат 62 лекари и 85 здравствени работници со виша и средна стручна подготовка. При тоа не е постигнат задоволителен стандард на обезбеденост со лекари на оваа групација од населението и тоа 1 лекар на 4892 деца од 7-19 години просечно за Републиката.
Не задоволува и соодносот на лекарите и здравствените работници со виша и средна стручна подготовка кој изнесува 1:1.4
Вкупниот обем на превентивни здравствени услуги и активности извршени во 2018 година бележат пораст од 2.2 индексни поени во однос на 2017г.
Дијаграм 1
Извор: ИЈЗРСМ – Извештај на Службата за здравствена заштита на училишни деца и младина, 2017 и 2018
Вкупниот обем на остварени куративни здравствени услуги и активности извршени во 2018 година бележат пораст од 6.2 индексни поени во однос на 2017г. Зголемен е бројот на посети во ординација кај лекар за 6.9 индексни поени во 2018 во однос на 2017г. Намален е бројот на посети кај здравствени работници за 8.4 индексни поени во 2018 во однос на 2017г. И намален е бројот на посети кај психолог и логопед за 10.9 индексни поени во 2018 во однос на 2017г.
Дијаграм 2
Извор: ИЈЗРСМ – Извештај на Службата за здравствена заштита на училишни деца и младина, 2017 и 2018
Морбидитет регистриран во дејноста за здравствена заштита на училишни деца и младина, 2018
Во дејноста за здравствена заштита на училишни деца и младина во 2018 година регистрирани се вкупно 686 631 заболувања што е за 3.4% повеќе во однос на претходната година (664294-2017г.)
Стапката на морбидитет е зголемена на 22460.1%оо во 2018 година во однос на 21511.3%оо од 2017 година
ГРУПИ НА БОЛЕСТИ И СОСТОЈБИ | БРОЈ | Мб%о | % |
ВКУПНО | 686631 | 22460.1 | 100.0 |
Инфективни и паразитарни болести | 27265 | 891.9 | 4.0 |
Неоплазми | 2189 | 71.6 | 0.3 |
Болести на крв и крвотв. орг. и заб. на имун. механизам | 8187 | 267.8 | 1.2 |
Ендокрини,нутритивни и метаболни болести | 6253 | 204.5 | 1.0 |
Душевни растр. и растр. на обноските | 9845 | 322.0 | 1.4 |
Болести на нервниот систем | 7728 | 252.8 | 1.1 |
Болести на око и аднекси | 23447 | 766.9 | 3.4 |
Болести на уво и мастоидниот израсток | 18765 | 613.8 | 2.7 |
Болести на циркулаторен систем | 3584 | 117.2 | 0.5 |
Болести на респираторниот систем | 290923 | 9516.2 | 42.4 |
Болести на дигестивен систем | 31730 | 1037.9 | 4.6 |
Болести на кожа и поткожно ткиво | 42140 | 1378.4 | 6.1 |
Болести на мускуло-скелетен систем | 21325 | 697.6 | 3.1 |
Болести на генитоуринарен систем | 18654 | 610.2 | 2.7 |
Бременост, породување и пуерпериум | 132 | 4.3 | 0.0 |
Конгенитални, малформ.,деформац. и хромоз. ненормал. | 2243 | 73.4 | 0.3 |
Симптоми,знаци и ненормал. клинички и лабораториски наоди | 63565 | 2079.2 | 9.3 |
Повреди,труења и др.последици од надв. причини | 19119 | 625.4 | 2.8 |
Фактори што влијаат на здр. сос. и контакт со здравствената служба | 89537 | 2928.8 | 13.0 |
Извор: ИЈЗРСМ – Извештај на Службата за здравствена заштита на училишни деца и младина, 2018
Во структурата на поедините групи на болести, респираторните се повторно на првото ранг место со учество од 42,4% во вкупниот број и стапка на морбидитет од 9516.2%оо.
На второ место се болести на кожа и поткожно ткиво со 6.1% учество и стапка од 1378.4%оо; на третото место се болести на дигестивниот систем со учество од 4.6% и стапка од 1037.9%оо; на четвртото место се одредени инфективни и паразитарни болести со учество од 4% и стапка од 891.9%оо; на петтото место се болести на око и аднекси со учество од 3.4% и стапка од 766.9%оо и. т. н.
Дијаграм 2 и 3
Извор: ИЈЗРСМ – Извештај на Службата за здравствена заштита на училишни деца и младина, 2018
Извор: ИЈЗРСМ – Извештај на Службата за здравствена заштита на училишни деца и младина, 2018
Во споредба со претходната година забележан е тренд на намалување кај неоплазмите за 5,9%; болести на крвта и крвотворните органи за 7,2%; кај болестите на окото и аднексите за 12.2%; кај болести на уво за 5.5%; кај болести на циркулаторниот систем за 12.4%; кај болести на дигестивниот систем за 7.5%; кај болестите на генито уринарниот систем за 9.1% и кај повреди и труења за 6.9%. Кај останатите групи на болести забележан е тренд на зголемување на бројот на регистрирани болни во 2018 во однос на 2017 година.
Морталитет региcтриран во дејноста за здравствена заштита на училишни деца и младина
Во 2018 година регистрирани се вкупно 105 умрени лица на возраст од 5-24 години и стапка од 21.5%оо.
Дистрибуцијата по возраст покажува дека младите луѓе од 15-24 годишна возраст се најзастапени во вкупниот морталитет на оваа популација и тоа со 66,7% учество и стапка од 26,9%оо.
Дистрибуцијата по пол покажува дека машките деца се повеќе застапени во морталитетот во однос на женските.
Морталитет според возраст и пол, 5-24, РСМ, 2018 (стапка/100000)
Вкупно | 7-9 години | 10-14 години | 15-24 години | |||||
Број | Стапка | Број | Стапка | Број | Стапка | Број | Стапка | |
Вкупно | 105 | 21.5 | 13 | 11.2 | 22 | 19.6 | 70 | 26.9 |
Мажи | 75 | 29.8 | 6 | 10.0 | 15 | 25.9 | 54 | 40.3 |
Жени | 30 | 12.7 | 7 | 12.5 | 7 | 12.8 | 16 | 12.7 |
Извор: Природно движење на населението,2018
Препораки:
- подигање на свеста на младите преку програми за здравствена едукација на сите нивоа со цел укажување на значењето за сопственото здравје и севкупната благосостојба;
– активно учество во имплементација на здравствените програми со цел примена на знаењата стекнати со здравствена едукација за здрави животни стилови;
- подигање на свеста на младите за ризикот кој постои кај нивното здравје со цел намалување на ризичното однесување.
ЛИТЕРАТУРА:
ЗА ИЗВЕШТАЈОТ ЗДРАВЈЕ НА НАСЕЛЕНИЕ ЗА 2018
УЧИЛИШНИ ДЕЦА И МЛАДИНА
- Природно движење на населението, 2018
- Годишни и полугодишни извештаи од службите за здравствена заштита на училишни деца и младина во Р.Македонија,2018