На 25.10.2023 во Република Северна Македонија започна вакцинацијата против сезонски грип. Вакцинацијата се спроведува во 10-те Центри за јавно здравје и 21 Подрачна единица.

Во Скопје, дополнително се отворени 3 пункта во Здравствен дом Скопје, (Поликлиника Идадија, Бит Пазар и Букурешт). Во ИЈЗ е отворен пункт за вакцинација на здравствени работници.

 

БЕСПЛАТНА ВАКЦИНАЦИЈА Е НАМЕНЕТА ЗА СЛЕДНИТЕ РИЗИЧНИ ГРУПИ:

  • Лица на возраст над 65 години
  • Лица со хронични заболувања
  • Здравствени работници
  • Бремени жени
  • Деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

Заинтересираните граѓани кои припаѓаат на овие ризични групи, можат да се пријават на www.vakcinacija.mk. По регистрацијата (пријавата), ќе добијат смс порака со закажан термин (датум,час и пункт за вакцинација). Ве молиме почитувајте го Вашиот закажан термин!

ШТО Е ГРИП И КОЈ ИМА НАЈГОЛЕМ РИЗИК ОД КОМПЛИКАЦИИ?

Грипот е акутно заразно заболување на дишните патишта, предизвикано од вирусите на грип тип А и Б, кое најчесто се јавува во зголемен број или во епидемиска форма во текот на зимскиот период. Инфекцијата со вирусите на грип ги зафаќа горните дишни патишта: нос и грло, а во потешките форми и долните дишни патишта – бронхиите.

Секоја година со вирусот на грип се заразува до 20% од светската популација. Повеќето луѓе кои ќе заболат од грип може да се опорават за неколку дена, но некои луѓе може да развијат компликации (како што е пневмонија), а некои од компликациите може да  доведат до потреба за болничко лекување, а во некои случаи и до смрт.

Под поголем ризик за компликации се возрасните лица над 65 години, лица со хронични болести,  деца возраст од 6 месеци до 5 години и бремени жени. Здравствените работници имаат  десет пати поголем ризик од заболување на грип и поради тоа се вклучени во ризичните групи за вакцинација против грип.

ЗОШТО ТРЕБА ДА СЕ ВАКЦИНИРАШ СЕКОЈА ГОДИНА?

Прво, имунолошката заштита на лицето создадено од вакцината опаѓа со текот на времето, второ, вирусите на грип постојано се менуваат затоа составот на вакцините против грип се ревидира годишно, а вакцините се ажурираат за да создадат заштита од вирусите за кои истражувањата покажуваат дека ќе бидат најчести во текот на претстојната сезона на грип.

Вакцината ја намалува можноста за стекнување на грип, ја ублажува клиничката слика и спречува компликации

ВАКЦИНАЦИЈА Е НАЈЕФЕКТИВЕН И НАЈЕФИКАСЕН НАЧИН ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА ГРИПОТ

 

 

Вакцинација-Лица со хронични заболувања (флаер)

flaer

 

Вакцинација-Лица на возраст над 65 години (флаер)

flaer

 

Вакцинација-Здравствени работници (флаер)

flaer

 

Вакцинација-Деца на возраст од 6 месеци до 5 години (флаер)

flaer

 

Вакцинација-Бремени жени

flaer