Листа на активности, прегледи и анализи кои се изведуваат во Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, а се поврзани со обезбедување на сеопфатна превентивна здравствена заштита на работниците:

  • превентивни здравствени прегледи на работниците 9ситематски и периодични прегледи) со комплетна содржина утврдена во Уредбата за видот, начинот и обемот на здравствените прегледи на вработените (Сл. Весник на РМ бр.60/2013).
  • одредување на метали во работна средина и биолошки материјал (крв, серум, урина) на професионално изложените лица:
    • алуминиум,
    • арсен,
    • селен,
    • жива,
    • кадмиум,
    • манган,
    • никел,
    • олово,
    • хром,
    • цинк,
    • бакар,
    • кобалт,
    • магнезиум.
  • одредување на органски соединенија во работна средина и биолошки материјал (крв, серум, урина) на професионално изложените лица:
    • алифатични и алициклични јагленоводороди,
    • циклични јагленоводороди,
    • амино и нитро соединенија на цикличните јагленоводороди,
    • халогени деривати на алифатичните и цикличните јагленоводороди,
    • алкохоли, естри, етри, алдехиди и кетони,
    • пестициди,
    • винил хлори мономер,
    • некои вештачки смоли и
    • пластични маси.
  • одредување на специфични биомаркери на изложеност и/или болести при контакт со биолошки агенси:
    • изложеност на вирусите на хепатит Б и/или Ц
    • изложеност на вирусот на ХИВ
    • специфични биомаркери за контакт со:
      • антракс,
      • амебијаза,
      • бруцелоза,
      • лептоспироза,
      • легионерска болест,
      • лајмска болест,
      • арбовирусни инфекции – вирусни хеморагични горзници,
      • тетанус,
      • токсоплазмоза,
      • туберкулоза,
      • хистоплазмоза,
      • кју-грозница (Q-треска),
      • пандемиски грип.
    • стандардни биохемиски и други испитувања
      • гликоза во крв,
      • ХБА1,
      • холестерол,
      • ХДЛ холестерол,
      • ЛДЛ холестерол,
      • триглицериди,
      • вкупни протеини,
      • албумин,
      • a и b микроглобулин,
      • имуноглобулини,
      • липопротеини,
      • аполипопротеини,
      • уреа,
      • креатинин,
      • мокрачна киселина,
      • билирубин (вкупен и директен),
      • кисела фосфатаза,
      • алкална фосфатаза,
      • алфамилаза,
      • креатинкиназа,
      • гама ГТ (ГТТ),
      • ГОТ,
      • липаза,
      • панкреазна амилаза,
      • калциум,
      • магнезиум,
      • Фосфор,
      • анти стрептолизин,
      • комплемент Ц3 и Ц4,
      • ЦРП,
      • феритин,
      • трансферин,
      • реума фактор,
      • маркери на ревматска инфламација,
        • PSA и FPSA
      • хормони (TSH, Т3 и Т4),
      • туморски маркери,
        • СЕА
        • СЕА – 19,9 GIMA, 125 OMMA, 15.3 BRAMA
      • урина (шеќер, протеини, билирубин, уробилиноген, седимент)

 

  • мерење на интензитет на јонизирачко зрачење во работна средина,
  • одредување на апсорбирана доза на јонизирачко зрачење кај професионално експонирани работници (лична/персонална дозиметрија – ТЛД).