Многу земји низ целиот свет имаат спроведено мерки за целосно затворање, останување дома и физичко дистанцирање за да се спречи ширењето на КОВИД-19. Домот, сепак, не е секогаш безбедно место за децата, адолесцентите, жените и постарите луѓе кои доживуваат или се изложени на ризик од злоупотреба. Доказите покажуваат дека насилството може да се зголеми за време и по епидемии на болести (1). 

СПРЕЧУВАЊЕ НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ДЕЦАТА, ЖЕНИТЕ И ПОСТАРИТЕ ЛИЦА ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА СО COVID-19: КЛУЧНИ АКТИВНОСТИ.PDF