ГЛОБАЛНА ХИВ СТАТИСТИКА

  • 18,2 милиони [16,1 милиони – 19,0 милиони] луѓе имале пристап до антиретровирусна терапија (јуни 2016 година)
  • 36,7 милиони [34,0 милиони – 39,8 милиони] луѓе во светот живеат со ХИВ (крај на 2015 година)
  • 2,1 милиони [1.800.000-2.400.000] луѓе станале ново инфицирани со ХИВ (крај на 2015 година)
  • 1,1 милиони [940 000-1.300.000] луѓе починале од болести поврзани со СИДА (на крајот на 2015 година)
  • 78 милиони [69.500.000-87.600.000] луѓе се заразиле со ХИВ од почетокот на епидемијата (крај на 2015 година)
  • 35 милиони [29.600.000-40.800.000] луѓе умреле од болести поврзани со СИДА од почетокот на епидемијата (крај на 2015 година)

ЛУЃЕ КОИ ЖИВЕАТ СО ХИВ

∙ Во 2015 година, имало 36,7 милиони [34,0 милиони – 39,8 милиони] луѓе кои живеат со ХИВ.

ЛУЃЕ КОИ ЖИВЕАТ СО ХИВ И ПРИСТАП ДО АНТИРЕТРОВИРУСНА ТЕРАПИЈА

∙ Заклучно со јуни 2016 година, 18,2 милиони [16,1 милиони, 19,0 милиони] луѓе кои живеат со ХИВ имаат пристап до антиретровирусна терапија, за разлика од 15,8 милиони во јуни 2015 година и 7,5 милиони во 2010 година.

∙ Во 2015 година, околу 46% [43-50%] од луѓето кои живеат со ХИВ имале пристап до третман.

∙ Во 2015 година, околу 77% [69-86%] од бремените жени кои живеат со ХИВ имале пристап до антиретровирусни лекови за да се спречи пренесувањето на ХИВ на бебињата.

НОВИ ХИВ ИНФЕКЦИИ

  • Во светот, 2,1 милиони [1.800.000-2.400.000] луѓе станале ново инфицирани со ХИВ во 2015 година.
  • новите ХИВ инфекции кај децата се намалија за 50% од 2010 година.
  • Во светот, 150 000 [110 000-190 000] деца станале новоинфицирани со ХИВ во 2015 година, што е намалување од 290 000 [250 000-350 000] во 2010 година.
  • Од 2010 година до сега немало пад во новите ХИВ инфекции кај возрасните.
  • Секоја година од 2010 година наваму, околу 1,9 милиони [1.900.000-2.200.000] возрасни станале ново инфицирани со ХИВ.

СМРТНИ СЛУЧАИ ПОВРЗАНИ СО СИДА

Смртните случаи од СИДА-та се паднати за 45%, од врвот во 2005 година. Во 2015 година, 1,1 милиони [940 000-1.300.000] луѓе починале од СИДА со светот, во споредба со 2 милиони [1.700.000-2.300.000] во 2005 година.

ХИВ / ТУБЕРКУЛОЗА

  • смртните случаи поврзани со туберкулоза кај луѓето кои живеат со ХИВ опаднале за 32% од 2004 година.
  • туберкулозата останува водечка причина за смрт кај луѓето кои живеат со ХИВ,  земајќи во предвид и смртните исходи поврзани со СИДА
  • Во 2014 година, процентот на пациенти идентификувани ХИВ-позитивни туберкулоза кои започнаа или продолжија на антиретровирусна терапија достигна 77%.

ИНВЕСТИЦИИ

  • На крајот на 2015 година, 19 милијарди долари беа инвестирани во одговорот за СИДА, во земјите со низок и среден приход земји (не вклучувајќи ги и земјите кои неодамна се префрлени во категории со високи приходи).
  • Домашните ресурси содржат 57% од вкупните средства за ХИВ во земјите со низок и среден приход, во 2015 година.
  • Последните обновени проценки на UNAIDS укажуваат на тоа дека 26.2 милијарди ќе бидат потребни за одговор за СИДА во 2020 година, со 23,9 милијарди во 2030 година.

Актуелна состојба со ХИВ/СИДА  во 2016 година

Во Институтот за Jавно Здравје на Република Македонија (ИЈЗ на РМ), заклучно со 25. 11. 2016 година, пристигнати се и обработени 36 пријави за ново регистрирани случаи на ХИВ/СИДА.

а/ Дистрибуција на лицата со ХИВ/СИДА во 2016 г. (заклучно со 1 декември 2016):

-   9 лица се заболени од СИДА,

-   27 лица се ХИВ позитивни.

б/  Во 2016 година се регистрирани 2 смртни исходи на лица заболени од СИДА.

в/  Структура по пол на лицата со ХИВ/СИДА во 2016 г.  (заклучно со 1 декември 2016):

-   34 лица се од машки пол,

-   2 лица се од женски пол.

г/ Место на живеење на лицата со ХИВ/СИДА во 2016 г. (заклучно со 1 декември 2016):

-   од Скопје 17 лица,

-   од Куманово 3 лица,

-   од Штип 3 лица,

-   од Велес 2 лица,

-   од Гостивар 2 лица,

-   од Делчево 2 лица,

-   од Кочани 1 лице,

-   од Крива Паланка 1 лице,

-   од Струга 1 лице,

-   од Прилеп 1 лице,

-   од Св. Николе 1 лице,

-   од Дебар е 1 лице и

-   Странец е 1 лице.

д/  Возрасни групи на лицата со ХИВ/СИДА во 2016 година (заклучно со 1 декември 2016):

-  од 20 – 29 години се 9 лица,

-  од 30 – 39 години се 18 лица,

-  од 40 – 49 години се 6 лица,

-  од 50 – 59 години се 2 лицa и

-  од 60+ години е 1 лице.

Состојба со ХИВ/СИДА во Р. Македонија добиени врз база на епидемиолошките податоци за период 1987-2016 г.

Во периодот 1987 – 2016 година вкупно се регистрирани 311 лица кои живеат со ХИВ/СИДА.

Дистрибуцијата по пол на лицата кои живеат со ХИВ/СИДА

покажува дека од вкупно 311 лица лица кои живеат со ХИВ/СИДА, 258 лица се од машки пол, а 53 лица се од женски пол.

 

Дистрибуцијата на ХИВ/СИДА по возрасни групи:

-    0 – 6 години учествува со 5 лица,

-    7 – 14 години учествува со 1 лице,

-    15 – 19 години учествува со 6 лица,

-    20 – 29 години учествува со 100 лица,

-    30 – 39 години учествува со 122 лица,

-    40 – 49 години учествува со 46 лица,

-    50 – 59 години учествува со 23 лице и

-    60+ години учествува со 8 лица.

-  Заклучно со 25. Ноември 2016 година, во Р. Македонија се умрени 83 лица од СИДА.

-  Во РМ има вкупно 179 лица кои се болни од СИДА и 131 лица кои се ХИВ позитивни, или вкупно 227 лица кои живеат со ХИВ/СИДА.

 

Подготвиле:

Прим. д-р Жарко Караџовски, Началник на Одделение за тропски, карантински заболувања, ХИВ/СИДА и СПИ

Живадинка Цветановска, Спец. Мед. Лабор. аналитичар