СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 25-31.01.2021

Тестирани се вкупно 13.742 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 24,5% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.036 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 17,9% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 9 до 18%, просечно 14%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=984; 48,3%), со неделна инциденца – 159,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 611,4/100.000 е регистрирана во Демир Капија (Табела 1, Картограм 1).

 

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, 25-31.01.2021, Р.С. Македонија

kartogram 1

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=540, 26,5%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=368; 18,1%), 50-59  (n=365; 17,9%), 30-39 (n=374; 18,4%) и 20-29 (n=251; 12,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=41; 2,0%) и 10-19 години (n=97; 4,8%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.029 (50,5%) лица од женски и 1.007 (49,5%) од машки пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.977 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 41,4% помалку во споредба со минатата недела.

Пријавени се 64 смртни случаи од 18 града, со намалување од 7,2% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 55 лицa биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40-49 години.

 

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 31.01.2021, пријавени се вкупно 90.753 случаи на COVID-19 (I=4.482,6/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Гостивар, Штип, Битола и Велес додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Струга, Охрид и Крушево. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга (Табела 1).

Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, до 31.01.2021

tabela 1

Во најголем дел од државата се забележува намалување на бројот на новозаболени кога се анализираат двата двонеделни периоди, во Свети Николе, Пробиштип, Кратово и Дојран (3 заболени во последните две недели) се забележува минимално зголемување, додека позначајно зголемување на бројот на новозаболени се регистрира во Делчево, Демир Капија и Македонска Каменица (Табела 1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 6.654,3 на 100.000 жители, Скопје (6.549,2/100.000), Кавадарци (6.067,3/100.000), Свети Николе (5.265,2/100.000), Демир Капија  (5.062,4/100.000) и Охрид (5.029,5/100.000),  а најмала инциденца со 2.168,0 заболени на 100.000 жители се регистрира во Радовиш (Табела 1, Картограм 2).

Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

kartogram 2

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 47.244 машки и 45.509 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 4.558,0/100.000, а кај женските 4.407,0/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 45,4 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 21.863 (23,6%) со инциденца од 5.704,1/100.000, а највисока специфична инциденца од 6.110,3/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (16.990 заболени). Најниска инциденца од 804,8 и 1.579,4 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 1.842 и 3.952 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=92.753)

graf1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.406) е регистриран на 17.11.2020.

Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.480) е регистриран 47-та недела (Графикон 2). По 47-ма недела се забележува континуиран пад на бројот на регистрирани случаи.

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, до 31.01.2021 (n=92.753)

graf2

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, КОВИД центрите на Универзитетксите клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Инстиутот за белодробни заболувања и ТБЦ, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево, Дебар и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина) моментално се хоспитализирани 565 лица (8,9% помалку во споредба со минатата недела), а од нив 189 се на кислородна поддршка и 9 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Податоците кои следат во однос на симптоматологијата, коморбидитетите, одредени групи на случаи, контактите и импортираните случаи се однесуваат на анализите направени заклучно со 17.01.2021.

Во однос на симптоми кои се пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (68,8%), кашлица (40,8%), малаксаност (40,1%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,0%), главоболка (21,9%), мускулна болка (18,1%), болка во грло (14,1%) и отежнато дишење (9,8%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), кај 17.126 или 23,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), пријавени се 412 (1,8% од пријавените женски лица во фертилен период) случаи кај бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 119 се асимптоматски случаи.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), регистрирани се 3.439 (4,8%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 22.444 (31,0%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 15.323 лица имаат кардиоваскуларна болест, 5.842 дијабет, 3.256 се со хронична белодробна болест и 3.986 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.800 (63,3%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), 1.029 (1,4%) се импортирани, од нив 11 се детектирани на точка на влез. Вкупно 23.054 лица (32,0%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

 

Регистрирани се 2.866 смртни случаи (Лт = 3,1%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 30.11.2020 година (n=40), а според недела на пријавување во тек на 48-мата недела (n=218) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=2.259) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 589,4/100.000 жители. Регистрирани се 1.800 смртни случаи кај лица од машки и 1.066 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 2.086 (72,8%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=1.636), дијабет (n=732) и белодробна болест (n=326). Регистрирани се 3 смртни случаи кај бремени жени и 23 смртни случаи кај здравствени работници. Од пријавените случаи 175 (6,1%) починале во вонболнички услови, а 2.691 (93,9%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 3.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, до 31.01.2021 (n=2.866)

graf3

Од 25.01.2020-31.01.2021 тестирани се вкупно 452.037 материјали (детектирани 92.753 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 220.870 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=452.037)*

tab2

*9 лица се лабораториски потврдени во странство

Според исходот од заболувањето, 7.766 лица (8,4%) се активни случаи, 82.121 случаи (88,5%) се водат како оздравени, испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 5.013 (6,1%) биле хоспитализирани додека останатите 77.108 (93,9%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (92.753)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 4014 35543 894 40451
Куманово 343 4669 189 5201
Тетово 311 4599 206 5116
Прилеп 147 4179 237 4563
Гостивар 196 3265 164 3625
Штип 114 3306 85 3505
Битола 153 2929 149 3231
Велес 255 2743 103 3101
Охрид 371 2332 119 2822
Кавадарци 322 2234 55 2611
Струмица 249 2180 106 2535
Струга 161 1910 145 2216
Кочани 63 1621 40 1724
Кичево 124 1535 60 1719
Свети Николе 34 1031 15 1080
Гевгелија 100 873 22 995
Неготино 83 864 19 966
Дебар 93 640 33 766
Ресен 97 626 19 742
Крива Паланка 37 654 33 724
Радовиш 50 624 33 707
Делчево 178 415 26 619
Берово 36 539 19 594
Пробиштип 32 462 13 507
Виница 29 451 11 491
Валандово 11 307 7 325
Македонски Брод 12 224 10 246
Демир Хисар 5 233 6 244
Кратово 25 194 11 230
Богданци 23 196 6 225
Крушево 26 164 18 208
Демир Капија 39 166 2 207
Македонска Каменица 17 169 4 190
Пехчево 10 168 5 183
Дојран 6 76 2 84
Grand Total 7.766 82.121 2.866 92.753

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, до 25.01.2021 (n=92.753)

graf5

 

  

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19 И ПРЕПОРАЧАНИ МЕРКИ

Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата[1] се проценува дека:

  • Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), подниво 3, со умерени капацитети за одговор.

 

Препорачани мерки за превенција и контрола од СЗО согласно проценетата фаза и подниво

Покрај мерките за подготвеност во итни случаи, одговор и надзор, индивидуалните мерки на претпазливост, СЗО препорачува мерки за разгледување на надлежните органи, кои исто така мора да бидат земени предвид во однос на ефектите што овие мерки можат да ги имаат врз општата благосостојба на општеството и поединците.

  • Затворање на несуштински деловни активности или работење од дома, што е можно повеќе.
  • Поединците треба да применуваат мерки како што се хигиена на рацете, посебно марамче за кашлање, да останат дома доколку не се чувствуваат добро, да носат маска, физичко растојание и да избегнуваат затворени простори, преполни места со можност за близок контакт.
  • Да се размисли за ограничување на наставата со физичко присуство на универзитетите и да се промовира е-учење.
  • Службите за згрижување на деца и основните и средните училишта треба да останат отворени со соодветни мерки за безбедност и надзор доколку тоа го дозволува локалната епидемиолошка состојба.
  • Посебна проценка за одржување спортски и слични настани кои треба да се одржуваат според строги безбедносни правила, на пр. без публика. Другите масовни собири треба да бидат прекинати, а големината на сите социјални собири треба да се намали.

 

 

 

 

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 31.01.2021

  • Број на потврдени случаи на глобално ниво280.844 (4.104.947 во последни 7 дена, 15% помалку во споредба со претходна недела)
  • Број на смртни случаи на глобално ниво – 2.112.759 (95.991 во последни 7 дена, 1% повеќе во споредба со претходна недела)

 

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 43.972 (2127.479 во последни 7 дена, 14% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 999.894 (45.349 во последни 7 дена, 4% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 32.848.998 (1.382.460 во последни 7 дена, 20% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 706.293 (38.349 во последни 7 дена, 1% помалку во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 12.656.504 (194.166 во последни 7 дена, 5% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 449 (3.253 во последни 7 дена, 5% помалку во споредба со претходна недела)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 5.507.649 (170.422 во последни 7 дена, 7% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 130.901 (2.980 во последни 7 дена, 3% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 2.462.083 (148.953 во последни 7 дена, 16% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 57.902 (4.997 во последни 7 дена, 0% во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 1.347.893 (81.467 во последни 7 дена, 0% во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 23.307 (1.063 во последни 7 дена, 5% помалку во споредба со претходна недела)

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало или имало контакт со потврден случај, да се упатува да се јави на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 01.02.2021

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје

[1] Извор: WHO guidance on considerations for implementing and adjusting PHSM in the context of COVID-19