СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 01-07.03.2021

Тестирани се вкупно 21.090 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 4,6% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 4.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 23,0% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 13,2 до 26,7%, просечно 20,9%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.160; 48,3%), со неделна инциденца – 349,7/100.000. Највисока неделна инциденца од 847,9/100.000 е регистрирана во Неготино (заедно со Демир Капија) (Табела 1, Картограм 1).

Картограм 1.     Инциденца  на 100.000 жители, COVID-19, 01-07.03.2021, Р.С Македонија

Nedelna 01.-07.03.2021

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.026, 23,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=895; 20,1%), 40-49  (n=803; 17,8%), 50-59 (n=778; 17,4%) и 20-29 (n=626; 14,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=104; 2,3%) и 10-19 години (n=231; 5,2%).

 

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 2.260 (50,6%) лица од женски и 2.203 (49,4%) од машки пол.

 

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.895 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, зголемен за 2,2 пати  во споредба со минатата недела.

 

Пријавени се 57 смртни случаи од 16 градови, 17,4% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 50 лицa биле над 60 години, 5 лица на возраст од 50-59 години и по едно  лице од возрасните групи 30-39 и 40-49 години.

 

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 07.03.2021, пријавени се вкупно 107.479 случаи на COVID-19 (I=5.194,3/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово, Гостивар, Штип, Кавадарци, Велес, Битола и Охрид додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Охрид, Крушево и Струга. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга (Табела 1).

Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, до 07.03.2021

tabela 1 9.3

Во сите извештајни единици (освен Дојран)  од државата се забележува зголемување на бројот на новозаболени кога се анализираат двата двонеделни периоди (Табела 1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци со 8.418,9 на 100.000 жители, Скопје (7.646,1/100.000) и Неготино (7.414,9/100.000), а најниска инциденца со 2.277,4 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонски Брод (Табела 1, Картограм 2).

Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

Кумулативна 01-07.03.2021

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 54.630 машки и 52.849 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 5.270,5/100.000, а кај женските 5.117,8/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 45,4 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 25.519 (23,7%) со инциденца од 6.657,9/100.000, а највисока специфична инциденца од 7.029,9/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (19.547 заболени). Најниска инциденца од 934,1 и 1.873,6 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 2.138 и 4.688 случаи соодветно (Графикон 1).

 

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група (n=107.479)

grafikon 1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.406) е регистриран на 17.11.2020.

Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.480) е регистриран 47-та недела (Графикон 2). По стабилизацијата на трендот во тек 7 недели, во последните 2 недели се регистрира повторно зголемување на бројот на заболени лица.

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, до 07.03.2021 (n=107.479)

grafikon 2

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, КОВИД центрите на Универзитетксите клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Инстиутот за белодробни заболувања и ТБЦ, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево, Дебар и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина) моментално се хоспитализирани 792 лица (20,0% повеќе во споредба со минатата недела), а од нив 322 се на кислородна поддршка и 19 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Податоците кои следат во однос на симптоматологијата, коморбидитетите, одредени групи на случаи, контактите и импортираните случаи се однесуваат на анализите направени заклучно со 04.01.2021.

Во однос на симптоми кои се пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (68,8%), кашлица (40,8%), малаксаност (40,1%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,0%), главоболка (21,9%), мускулна болка (18,1%), болка во грло (14,1%) и отежнато дишење (9,8%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), кај 17.126 или 23,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), пријавени се 412 (1,8% од пријавените женски лица во фертилен период) случаи кај бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 119 се асимптоматски случаи.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), регистрирани се 3.439 (4,8%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 22.444 (31,0%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 15.323 лица имаат кардиоваскуларна болест, 5.842 дијабет, 3.256 се со хронична белодробна болест и 3.986 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.800 (63,3%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), 1.029 (1,4%) се импортирани, од нив 11 се детектирани на точка на влез. Вкупно 23.054 лица (32,0%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

 

Регистрирани се 3.206 смртни случаи (Лт = 3,0%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 30.11.2020 година (n=40), а според недела на пријавување во тек на 48-мата недела (n=218) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=2.560) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 667,9/100.000 жители. Регистрирани се 2.010 смртни случаи кај лица од машки и 1.196 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 2.318 (72,3% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=1.819), дијабет (n=808) и белодробна болест (n=350). Регистрирани се 3 смртни случаи кај бремени жени и 24 смртни случаи кај здравствени работници (заклучно со 04.01.2021). Од пријавените случаи 181 (5,6%) починале во вонболнички услови, а 3.016 (94,1%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 3.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, до 07.03.2021 (n=3.206)

grafikon 3

Од 25.01.2020-07.03.2021 тестирани се вкупно 544.816 материјали (детектирани 107.479 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 263.301 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=544.816)*

tabela 2

Според исходот од заболувањето, 8.863 лица (8,2%) се активни случаи, 95.410 случаи (88,8%) се водат како оздравени, испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 5.684 (6,1%) биле хоспитализирани додека останатите 89.726 (94,0%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=107.479)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 4215 41988 1023 47226
Куманово 345 5243 212 5800
Прилеп 690 4786 267 5743
Тетово 259 5122 219 5600
Гостивар 182 3558 172 3912
Штип 109 3514 93 3716
Кавадарци 496 3057 70 3623
Велес 228 3237 112 3577
Битола 208 3188 156 3552
Охрид 440 2837 137 3414
Струмица 177 2530 115 2822
Струга 175 2131 155 2461
Кочани 104 1741 49 1894
Кичево 42 1698 65 1805
Неготино 304 1109 24 1437
Гевгелија 270 1078 28 1376
Свети Николе 22 1087 15 1124
Крива Паланка 118 756 38 912
Ресен 61 760 21 842
Дебар 16 748 35 799
Делчево 50 675 29 754
Радовиш 14 704 36 754
Берово 29 609 21 659
Пробиштип 34 513 19 566
Виница 24 496 13 533
Валандово 24 352 9 385
Крушево 75 225 23 323
Богданци 62 243 6 311
Кратово 25 253 11 289
Демир Хисар 23 248 8 279
Демир Капија 31 224 3 258
Македонски Брод 5 240 10 255
Македонска Каменица 2 188 4 194
Пехчево 3 180 5 188
Дојран 1 92 3 96
ВКУПНО 8863 95410 3206 107479

 

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, до 07.03.2021 (n=107.479)

 grafikon 4

 

 

 ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19 И ПРЕПОРАЧАНИ МЕРКИ

Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата[1] се проценува дека:

  • Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), подниво 3, со умерени капацитети за одговор.

 

Препорачани мерки за превенција и контрола од СЗО согласно проценетата фаза и подниво

Покрај мерките за подготвеност во итни случаи, одговор и надзор, индивидуалните мерки на претпазливост, СЗО препорачува мерки за разгледување на надлежните органи, кои исто така мора да бидат земени предвид во однос на ефектите што овие мерки можат да ги имаат врз општата благосостојба на општеството и поединците.

  • Затворање на несуштински деловни активности или работење од дома, што е можно повеќе.
  • Поединците треба да применуваат мерки како што се хигиена на рацете, посебно марамче за кашлање, да останат дома доколку не се чувствуваат добро, да носат маска, физичко растојание и да избегнуваат затворени простори, преполни места со можност за близок контакт.
  • Да се размисли за ограничување на наставата со физичко присуство на универзитетите и да се промовира е-учење.
  • Службите за згрижување на деца и основните и средните училишта треба да останат отворени со соодветни мерки за безбедност и надзор доколку тоа го дозволува локалната епидемиолошка состојба.
  • Посебна проценка за одржување спортски и слични настани кои треба да се одржуваат според строги безбедносни правила, на пр. без публика. Другите масовни собири треба да бидат прекинати, а големината на сите социјални собири треба да се намали.

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 28.02.2021

  • Број на потврдени случаи на глобално ниво113.472.187 (658.823 во последни 7 дена, 7% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Број на смртни случаи на глобално ниво – 2.520.653 (63.477 во последни 7 дена, 6% помалку во споредба со претходна недела)

 

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 50.426.060 (1.129.929 во последни 7 дена, 6% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 1.205,245 (33.951 во последни 7 дена, 1% помалку во споредба со претходна недела)
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 38.679.334 (1.055,781 во последни 7 дена, 9% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 861,906 (21.302 во последни 7 дена, 15% помалку во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 13.517.009 (171.419 во последни 7 дена, 9% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 208.013 (3.217 во последни 7 дена, 47% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 6.388.249 (207.177 во последни 7 дена, 14% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 144.479 (562 во последни 7 дена, 5% помалку во споредба со претходна недела)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 2.840.208 (50.324 во последни 7 дена, 24% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 7991 (1.659 во последни 7 дена, 19% помалку во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 1.620.582 (193 во последни 7 дена, 2% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 29.006 (786 во последни 7 дена, 35% помалку во споредба со претходна недела)

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

https://koronavirus.gov.mk

 

Скопје, 08.03.2021

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје

[1] Извор: WHO guidance on considerations for implementing and adjusting PHSM in the context of COVID-19