Вовед

Коронавирусите (CoV) се големо семејство на вируси кои предизвикуваат болести кои се движат од обична настинка до потешки заболувања (SARS-CoV, MERS-CoV). На 31 декември 2019 година, Кинеските здравствени власти го известија СЗО за појава на кластер на пневмонии со непознат причинител во Вухан, Кина. На 9-ти јануари 2020 година, веќе беше идентификуван нов коронавирус, за кој генетското секвенционирање утврди дека припаѓа на родот бета-корона вируси. Новиот коронавирус (SARS-CoV2) е нов вид на коронавирус што претходно не бил идентификуван кај луѓето и предизвикува заболување наречено COVID-19. Откако голем број на земји во сите региони на СЗО регистрираа случаи, на 11.03.2020 генералниот секретар на СЗО прогласи пандемија на COVID-19.

Вообичаените симптоми и знаци на инфекција вклучуваат температура, треска, кашлица и тешкотии во дишењето. Кај потешките случаи, инфекцијата може да предизвика пневмонија, тежок акутен респираторен синдром, откажување на бубрезите, па дури и смрт. Не постои специфичен третман, слично како за најголем број од вирусите. Сепак, многу од симптомите можат да бидат третирани и затоа третманот треба да е врз основа на клиничката состојба на пациентот.

Состојба со COVID-19 во Северна Македонија

Заклучно со 17.03.2020, во Република Северна Македонија, пријавени се вкупно 36 случаи на COVID-19.

Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 2 градови, Дебар (n=24) и Скопје (n=12).

Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење во најмлаку 30 дена.

Во однос на дитрибуцијата по пол, регистрирани се 15 лица од машки пол и 21 лице од женски пол или сооднос машки – женски 1:1,4. Специфичниот морбидитет по пол кај машките е 1,4/100.000 жители, додека кај женските изнесува 2,0/100.000 жители.

Возраста на заболените се движи од 11 до 87 години (просек – 50,4 години). Најголем број на заболени се на возраст над 50 години – 22 (61,1%), а највисока инциденца од 3,4/100.000 жители се регистрира кај лицата на возраст над 60 години (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според возраст, (n=36)

corona 1

Во однос на датумот на лабораториско дијагностицирање, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=36)

corona 2

Од пријавените случаи, 17 или 47,2% биле хоспитализирани, а 19 случаи се во домашна изолација, асимптоматски или со лесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица (76,7%), температура (66,7%) и слабост (40,0%), а шест лица се без симптоми. Едно лице од хоспитализираните е поставено на механичка вентилација поради влошување на состојбата.

Во однос на коморбидитети, кај 15 лица се присутни хронични здравствени состојби, од кои 8 лица имаат кардиоваскуларна болест, по 2 лица се со дијабет и хронична бубрежна болест и по едно лице е со хронична белодробна болест и хипотироидизам.

Регистрирани се 6 случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Од позитивните случаи, регистрирани се 350 контакти кои се следат во период од 14 дена.

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион кажува дека ризикот е многу висок.

Ризикот за понатамошно ширење на COVID-19 во Република Северна Македонија се проценува дека е умерено висок.

Ризикот за понатамошно ширење на COVID-19 во Скопје се проценува дека е висок.

Ризикот за понатамошно ширење на COVID-19 во Дебар се проценува дека е многу висок.

 

Состојба со COVID-19 во светот (17.03.2020)

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 17.03.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво – 179.112 (11.526 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво – 7.426 (475 нови)

Кина

Број на потврдени случаи – 81.116 (39 нови)

Број на смртни случаи – 3.231 (13 нови)

Други земји

Број на потврдени случаи – 97.996 (11.487 нови)

Број на смртни случаи – 4.195 (462 нови)

Број на зафатени земји/региони – 159 (8 нови)

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

 

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

 

  

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на дежурните телефони на АЛО ДОКТОРЕ, ЦЈЗ или ИЈЗ.

 

Доколку имате дополнителни прашања во врска со болеста може да се јавите на следните телефонски броеви:

 

ЦЈЗ Битола                 071 261 330

ЦЈЗ Велес                   071 219 278

ПЕ Гевгелија              078 545 444

ЦЈЗ Кочани                 071 373 913

ЦЈЗ Куманово             070 215 851

ЦЈЗ Охрид                  070 723 029

ЦЈЗ Прилеп                 076 475 747

ЦЈЗ Скопје                  071 289 614

ЦЈЗ Струмица             072 235 543

ЦЈЗ Тетово                  075 240 464

ПЕ Гостивар               076 365 161

ЦЈЗ Штип                    078 365 613

ИЈЗ Скопје                  078 387 194

ЗД Ало докторе          02/15 123

 

 

 

 

Скопје, 18.03.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје