logo

Соопштение за медиуми

ОД ЕВРОПСКИ МОНИТОРИНГ ЦЕНТАР ЗА ДРОГИ И ЗАВИСНОСТИ ОД ДРОГИ (EMCDDA) ВО ЛИСАБОН И ЈЗУ ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НА РСМ (ИЈЗ)

 

ЕВРОПСКИОТ МОНИТОРИНГ ЦЕНТАР ЗА ДРОГИ И ЗАВИСНОСТИ ОД ДРОГИ во соработка со ИЈЗ го започна 2021 “Европското веб истражување за дроги” за да ги процени начините на употреба на дроги во 30 држави

(18.03.2021, ЛИСАБОН) Дали употребувате дроги? Колку? Колку често? Ова се меѓу прашањата поставени во најновото Европско веб истражување за дроги, промовирано денес од Европската агенција за дроги (EMCDDA). Истражувањето ги таргетира лицата кои што имаат 18 години или повеќе, кои користеле дрога и има за цел да ги процени начините на употреба на дрога во Европа и да помогне во креирањето на идните политики и интервенции за дрога.(1).

 

Доброволното, анонимно истражување – едно од таргетираните “врвни” методи за мониторинг на Агенцијата – оваа година ќе се спроведе во 30 држави и 29 јазици(2). Како и предходните години, истражувањето ќе биде промовирано преку Reitox мрежата и нејзините партнери, како и преку реклами на социјалните медиуми.

 

Новина е што оваа година ќе се приклучат и државите од Балканот, како и други држави кои не се дел од Европската Унија, преку Инструментот за претпристапна помош  (IPA 7) и (EU4MD) проектите.

 

Веб базираните анкети имаат предност во тоа што допираат директно до луѓето кои што користат дрога. Тие се ефтини и брзи за поставување, брзо обезбедуваат нови податоци и помагаат во обележување на новите трендови. Доколку некои прашања се употребени, заедно со ригорозни процеси на превод, тогаш овие истражувања можат да овозможат меѓунационални споредби.

Новиот прашалник кој што ќе биде во оптек шест недели, е структуриран во модули за: социо-демографски податоци, начини на употреба на дрога, пристап до третман, пристап до дроги (вообичаените цени) и како Ковид-19 влијаел на начините на употреба на дрога. Резултатите ќе допринесат за креирање на значајни бази за практиките за користење на дрога во Европа и за количините на дрога која што се употребува. Ова ќе помогне да се подобрат проценките за големината на пазарот на национално и европско ниво и да се придонесе за развој на политиките пошироко.

 

Иако веб-анкетите не се репрезентативни за општата популација, кога се внимателно спроведени и комбинирани со традиционалните методи за собирање податоци, тие можат да помогнат да се создаде подетална, реална и навремена слика за употребата на дрога и пазарите на дрога во Европа. Како такви, тие се клучни во одговорноста на ЕВРОПСКИОТ МОНИТОРИНГ ЦЕНТАР ЗА ДРОГИ И ЗАВИСНОСТИ ОД ДРОГИ  кон проблемот со менување на дрогите.

 

Во Република Северна Македонија истражувањето го спроведува Инстиутот за јавно здравје на РСМ во соработка со Министерството за здравство на РСМ. Со цел полесно споделување на прашалникот креиравме facebook страна со детални информации наречена: Европско веб истражување за нелегални супстанци 2021 .

Прашалникот е поставен на линкот:

https://drugusersurvey.limequery.com/568175?lang=mk и е достапен на македонски, албански и англиски јазик.

 

 

(1) Истражувањето беше пилотирано во периодот од 2016 до 2018 година во 16 земји и 15 јазици, вклучително 80 000 учесници. Целта беше да се тестира алатката за веб-истражување што може да собира информации брзо и ефтино за теми што во моментов не се опфатени преку рутинско собирање податоци. Пет земји-членки на ЕУ плус Швајцарија го спроведоа првото истражување во 2016 година, додека уште 10 земји-членки учествуваа во второто истражување во 2017/18 година. Изданието во 2021 година е трет редовен круг на истражување и следи специјална верзија поврзана со КОВИД-19 во 2020 година, во која учествуваа околу 11 000 учесници.

(2) Јазици во 2021 година: албански, арапски, босански, бугарски, шпански, чешки, германски, естонски, грузиски, грчки, англиски, француски, фински, италијански, летонски, либански, литвански, унгарски, македонски, црногорски, полски, португалски, романски, српски, словачки, словенечки, шведски, руски и украински.