Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија на ден 1 Октомври 2022 година (сабота), на локацијата кај фонтаната Лотосов цвет во Градскиот парк во Скопје, од 9,00 до 13,00 часот организира акција за  бесплатни превентивни здравствени прегледи на граѓаните.

При тоа ќе се мери крвен притисок, ниво на шеќер и холестерол во крвта ( на гладно или по оброк), ќе се одредува Индекс на телесна маса врз основа на измерена телесна тежина и висина, големина на струк и ќе се делат флаери и инфографици.

На секој граѓанин ќе му се даде евиденционен лист со податоците од мерењата и ќе им се дава совет за здрав стил на живот. Воедно секој граѓанин ќе биде почестен со свежо овошје и вода.

Акцијата е во контекст на одбележување на Светскиот ден на срцето – 29 септември и Светскиот ден на старите лица – 1 октомври. Целта е да се подигне свеста кај граѓаните за редовни прегледи на своето здравје и здрав, долг и квалитетен живот.

Акцијата од Институтот за јавно здравје на РСМ  ќе биде придружена со претставници на невладината организација “ Здрава иднина“, а е поддржана од Министерството за здравство на РСМ преку Националната годишна програма за јавно здравје во 2022 година.

Изјава за медиумите ќе се даде во периодот од 10,30 до 11,00 часот.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!