- го следи и проучува системот на финансирање на здравствена дејност и предлага мерки за негово унапредување;
- врши анализа на материјално-финансиската состојба на здравството (Фондот за здравствено осигурување и здравствените организации);
- врши анализа на расходите за здравствена заштита во јавниот и приватниот сектор, по дејности;
- го следи и анализира чинењето на одделните здравствени услуги дефинирани со основниот пакет на услуги;
- ги следи и анализира здравствените индикатори за потрошувачката во здравството;
- врши евалуација на функционалната активност и искористеноста на здравствената служба;
- избира, припрема и анализира демографски и други показатели за оценка на потребите и барањето на населението за одделни видови на здравствена заштита (по дефинирани групи на население);
- учествува во унапредувањето на методологијата и изборот на податоците за економска анализа на здравствената заштита на населението;
- учествува во подготовката и реализацијата на стручни и научни проекти од областа на организацијата, економиката и информатиката во здравството;
- обезбедува стручно-методолошка помош на здравствените организации, од областа на социјалната медицина и економиката во здравството;
- изведува едукација и стручно усовршување на медицинските и други кадри од различни профили, од областа на економиката во здравството.
Лице за контакт: Прим .д-р Владо Спиркоски, локал 125