Активности:

Одделението врши испитување на здравствена исправност согласно Законот за безбедност на козметички производи Сл.весник бр. 55/07, Правилникот за пуштање во промет на предмети од општа употреба Сл.весник 26/83 и Европската Директива 76/768 (со анекси), кај следните групи производи:

- Средства за хигиена во домаќинството

- Производи за професионална употреба

- Средства за лична хигиена

- Средства наменети за хигиена и нега на доенчиња и мали деца

- Производи од групата на декоративна козметика

- Производи за одржување на хигиена во индустријата , угостителството и хотелиерството – само за професионална употреба

- Суровини за производство на козметички производи и производи од групата на средства за одржување на лична хигиена и хигиена во домаќинството

- Пуштање во промет (издравање на сертификат за здравствена исправност) на производи од групата на козметички производи и производи од групата на средства за одржување на лична хигиена и хигиена во домаќинството

- Потврдување на соодветност на квaлитет на испитуван примерок со  доставена спецификација за квалитет

Секторот во својата работа користи софистицирана апаратура и тоа: 4 HPLC системи, GC, FTIR спектрофотометар, UV/VIS спектрофотометар, Апарат за ослободување на активна супстанција од дозирани фармацевстки форми-Апарат за дисолуција, Апарат за распадливост, рН метри, ААS- апарат за одредување на тешки метали, ELISA, апарат за изведба на бактериски ендотоксин (LAL тест и турбидиметриски метод), апарат за изведба на пироген тест и друга апаратура.

Кадарот кој што е вработен во Секторот е мултидисциплинарен и вклучува доктор на науки по фармација, фармацевти специјалисти по испитување и контрола на лекови, лекар специјалист по микробиологија, дипломиран биолог специјалист на биолошки науки,  магистер по хемија, дипломирани фармацевти,  дипломирани инженери по хемија, дипломиран биолог, дипломиран инженер по биологија, медицински лаборанти и фармацевтски техничар.