• Активности:Одделението изведува:-испитување присуство/отсуство на бактериски ендотоксин кај парентерални препарати, имуносеруми за хумана употреба, препарати за иригација,вакцини за хумана употреба и контејнери за фармацевтска намена кои се должат на распад на евентуално присутните Gram (-) негативни бактерии со примена на квалитативен или квантитативен LAL тест (Gel-cloth method и Chromogen-kinetic method);

    -испитување  присуство/отсуство на вирални маркери како HBsAg ,HIV и HCV во крвни препарати и деривати од крвно потекло (ELISA техника);

    Покрај наведените активности се изведува стручна проценка на доставена фармацевтско-хемиска и биолошка документација со цел добивање на одобрение за ставање на лекот во промет, обнова на одобрението за ставање на лекот во промет, пријава на варијација и др.