Секторот за испитување и контрола на лекови заедно со Министерството за здравство и Агенцијата за лекови на Р. Северна Македонија, а врз основа на Законот за лекови и медицински помагала Службен весник на Република Македонија бр. 106/2007 и неговите измени и дополнувања подготвува Програми за работа кои се спроведуваат континуирано и притоа се следат насоките на важечките фармакопеи и утврдените стандарди од препораките на СЗО и ЕУ.

При утврдување на здравствената исправност на козметички производи и производи за одржување на хигиена во домаќинството и индустријата се применува Законот за безбедност на козметички производи Сл.весник бр. 55/07 и подзаконските акти, Правилник за податоците за содржината на детергентите кои треба да бидат наведени на пакувањето, како и општите и посебните правила на означувањето на пакувањето на детергентите Сл.весник бр. 84/2011 и Правилник за листата на податоци за содржината на детергентите Сл.весник бр. 84/2011 и Наредба за забрана на производство,промет и употреба на детергенти за машинско перење на текстилни производи со содржина на фосфор во органска или неорганска форма со над 0,5% тежински, како и Европската Регулатива.

Целта на Секторот е да во промет се најдат лекови, хербални препарати, препарати од биолошко потекло, козметички производи, производи за одржување на хигиена во домаќинството и индустријата и друго со проверен квалитет.

Секторот за испитување и контрола на лекови ги дефинира експлицитно мисијата, визијата и целите за воспоставување на издржан систем за контрола на квалитетот на лековите. Во рамките на заедничкото делување со Агенцијата за лекови овој Сектор ги дефинира и координира и националните приоритети во областа на здравствениот систем.

Активностите што ги спроведува Секторот за испитување и контрола на лекови се на барање на Агенцијата за лекови и Државниот санитарен и здравствен инспекторат при Министерството за здравство.

Секторот ги спроведува активностите според стандардот ISO/IEC 17025 (акредитирани техники во Хемиско-фармацевтско одделение и Одделение за биохемиски испитувања).

Секторот за испитување и контрола на лекови е организиран во пет одделенија:

Одделенија во Секторот се:

  • Хемиско- фармацевтско одделение
  • Одделение за микробиолшки испитувања на лекови и козметички производи
  • Одделение за биохемиски испитувања
  • Одделение за биолошки испитувања
  • Одделение за козметологија