Критериуми за иницирање на тестирање за Covid-19
- Секое лице кое ги исполнува клиничките и епидемиолошки критериуми треба да се тестира за Covid-19
- Пред да се пристапи кон земање на на примерок за анализа потребно е здравствените работници (лекари и сестри) да:
– го следат упатство: Превенција и контрола на инфекции при здравствена заштита кога осомничена е зараза на инфекција со коронавирус (Covid-19), и
Пред да се земе примерок за анализа да се измијат рацете
Да се стави Лична заштитна опрема: мантил, маска, очила и ракавици
Примероците треба да се соберат што е можно поскоро по клиничкиот почеток на болеста.
Примероци за анализа
А) Од горен респираторен тракт
– назофарингеален и
– орофаригеален брис
– назофарингеален аспират или
– назален испирок
Б) Од долен респираторен тракт :
– Бронхоалвеоларна лаважа (BAL)
– Ендотрахеален аспират (ETA)
– Спутум
В) Дополнителни можни примероци
– Серум/полна крв – парни серуми на растојание од 2 недели (кога ќе бидат достапни валидирани серолошки тестови)
– урина
– фецес
Се препорачува, особено за хоспитализирани лица да се земат 2 примерока и тоа еден од горнореспираторен тракт (на пример назофарингс) и еден од долнореспираторен тракт.
Респираторните примероци се земаат со
- Комерцијални брисеви со Универзалент транспортен медиум УТМ (UTM-RT)
UTM-RT медиумот вклучува: протеин за стабилизација на вирусот, антибиотици за да се минимизира бактериска и габична контаминација и пуфер за да се задржи неутрална pH вредност.Производот треба да се чува во оригиналното пакување на 2-25° C додека да се искористи. Треба да се внимава да не се прегрее (да не се изложи на сонце). Да не се инкубира или замрзнува пред употреба.
УТМ не треба да се користи ако: постои доказ за оштетување или загадување на производот, постои доказ за истекување, ако бојата на медиумот е изменета од светло портокалово-црвена боја или ако опаковката со брисеви е оштетена.
УТМ комплетот вклучува епруветка со црвено капаче која содржи 3ml транспортен медиум со светло портокалово-црвена боја. Два бриса со памукче од полиестер на врвот, со место во средина за поткршување и еден тенок брис за назо- фарингс .
- Дакронски брисеви во кои после земање на примерокот се додава вирусен транспортен медиум подготвен од лабораторијата за вирусологија до потопување на самото брисче.
Начин на употреба на брисовите
Отворете го пакувањето. Брисевите ќе ги вадите според потребата!
- Пополнете ја етикета на епруветката со соодветни информации за пациентот
– име и презиме
– тип на примерок
– датум и час /време на земање
- Со стерилните суви брисеви земете примерок
Земање на назофарингеален брис
- Внесете го флексибилниот брис неколку сантиметри со бавно, стабилно движење по подот на носот (со исправен грб, а не нагоре подиигната глава) додека не се стигне до задниот назофарингс (растојание од ноздрите до надворешното отварање на увото)
- Ставете прст на врвот од носот на лицето од кое земате примерок и малку притиснете
- Откако ќе стигнете до место на отпор (брисот треба да помине во фарингсот релативно лесно), завртетет го брисот (ротирајте го) неколку пати и потоа повлечето го брисот назад.
Слика 1. Земање на назофарингеален брис
- Кога се зема орофарингеален брис, треба да се оди што подлабодко и од задниот ѕид на фарингсот.
- Не го потопувајте брисот во медиум пред собирање на примерокот
- Брисот се поткршува со свиткување на ѕидот на епруветката
- Се соблекуваат ракавиците, мантилот и маската и се ставаат во ќеса за инфективен отпад
- Се прави дезинфекција однадвор со 70% алкохол
- Транспортот на примерокот до лабораторијата се организира што е можно поскоро.
- Асептично се отстранува црвеното капаче од епруветката со медиум и се ставаат сите земени брисеви внатре така што памукчето да биде потопено во медиумот
- Вратете го капачето на епруветката и повторете ја постапката со другиот брис
- Земените примероци се чуваат во фрижидер на 2-8° C додека не се испратат во лабораторија за анализа
Вид на примерок | Потребен материјал за земање примерок | Транспорт во лабораторија | Дозволено време на чување | Забелешки |
Назофарингиален и орофарингиален брис | Dacron или polyester –ски брисеви |
4 °C | ≤5 денови: 4 °C >5 денови: -70 °C |
Двата вида брис можат да се стават во една иста туба за транспорт |
Бронхоалвеоларен лават | стерилен контејнер | 4 °C | ≤48 часа: 4 °C >48 часа: –70 °C |
Можно е да има дилуција на патогенот, но е соодветен примерок |
Трахеален аспират, назофарингиален аспират | стерилен контејнер | 4 °C | ≤48 часа: 4 °C >48 часа: –70 °C |
|
Спутум | стерилен контејнер | 4 °C | ≤48 часа: 4 °C >48 часа: –70 °C |
Озсигурете се дека материјалот е од долниот дел на респираторниот тракт |
Серум( два примерока) | Серумска епрувета ( 3-5 ml полна крв) |
4 °C | ≤5 денови: 4 °C >5 денови: –70 °C |
Потребни се парни серуми • акутен –во првата недела од болеста • рековалесцентен- 2 до 3 недели подоцна |
Полна крв | вакутанер | 4 °C | ≤5 денови: 4 °C >5 денови: –70 °C |
За детекција на антигенот(вирусот) во првата недела од болеста |
Урина | стерилен контејнер
За урина |
4 °C | ≤5 денови: 4 °C >5 денови: –70 ° |
Бронхоалвеоларниот лават и другите можни примероци од долни респираторни патишта треба да се земат во стерилен примарен сад (контејјнер) соодветно обележан, на ист начин како и за бактериолошки испитувања.
За примерокот серум се зема крв во вакутанер.
За секој пациент се пополнува упатна листа за лабораториско испитување.