На 10 јуни 2016 година во просториите на Деканатот на Медицинскиот факултет, Институтот за Јавно Здравје (ИЈЗ) на Р. Македонија и Институтот за микробиологија со паразитологија, Медицински факултет (ИМП МФ) Скопје  се одржа работилница за унапредување на CAESAR мрежата за следење на антимикробната резистенција со презентација на EUCAST водичот за воведување  во рутинска работа во микробиолошките лаборатории.

1.0 Цели на работилницата

  • Презентација и дискусија по однос на адаптираните антибиограми според EUCAST водичот;
  • Практична презентација на изготвување на антибиограми според EUCAST, како и читање и интерпретација на крајниот резултат;
  • Внатрешна и надворешна контрола на квалитет – предуслов за веродостојно одредување на осетливоста на бактериите;

Крајната цел е имплементација EUCAST методологија во сите микробиолошки лаборатории членови на CAESAR мрежата во Р. Макеоднија до крајот на септември 2016 година.

2.0 Организација на работилницата

2.0.1 Отварање на настанот

Работилницата ја отвори националниот координатор за АМР на Министерството за здравство за соработка со СЗО во областа на антимикробна резистенција прим др Голубинка Бошевска, д-р сци од ИЈЗ.  Беше истакната важноста  од следење на антимикробната резистенција во Република Македонија и нејзиното учество во CAESAR  мрежата на СЗО. EUCAST методологијата за одредување на антимикробна осетливост е еден од важните елементи на ова следење. Имплементација на EUCAST ќе  овозможи усогласување и стандардизација на методологијата на работа, како и споредливост на резултатите во сите микробиолошки лаборатории кај нас, но и со лабораториите во Европа.  Дополнително, добиените податоци за АМР состојбата во Република Македонија  на овој начин се солидна основа на која МЗ може да се потпре во планирањето и спроведувањето на интервентни мерки поврзани со справување со антимикробната резистенција, односно развој на политики за рационална примена на антибиотици и други мерки за спречување на оптеретувањето од инфекции предизвикани од мултирезистентни микроорганизми. Одтука и големата улога  на микробиолошките лаборатории во процесот на следење и контрола на АМР. Беше потенцирано дека уште од самото приклучување на Р. Македонија на CAESAR мрежата во 2013 година се превземени низа мерки за имплементација на EUCAST методологијата.

jas 2-slika 2

 Слика 1. Отварање на настанот

 Со цел дополнително да се помогне во воедувањето на оваа методологија, од страна на Министерствот за здравство на 17.05.2016 година е номиниран работен тим за имплементација на EUCAST во состав: проф Др Жаклина Цековска, Доц Др Ана Кафтанџиева, Др Билјана Какараскоска Боцеска, Др Дугагин Османи и Др Елена Крстевска Келепуровска, кој ќе биде координиран од Националниот координатор за АМР и претседателот на Мултисекторската Комисијата за АМР .

auditorium i Zaki-sl1

Слика 2 Аудиториум

Задачи на  EUCAST тимот се

-  подготвување и адаптирање на антибиограмите (кратки листи за тестирање) според EUCAST,

 – годишно ажурирање на  EUCAST водичот според препораките на Европското здружение на микробиолози,   но и според националните сознанија и податоци за  АМР добиени од CAESAR мрежата.

- редовна комуникација со сите микробиолошки лаборатории преку  Здружението на микробиолози на Македонија  со цел  дистрибуција и размена на податоци  и искуства.

 За да се постигнат резултати во следењето и  контролата на антимикробната резистенција значајна е добрата и цврста соработка на Министерството за здравство со Здружението на микробиолози на Македонија,  Институтот за Јавно здравје, Институтот за микробиологија со паразитологија и Медицинскиот факултет, невладиниот сектори како што е Центарот за регионални истражувања Студиорум и други релевантни чинители. Посебна благодарност за организацијата на овој настан, како и на безрезервната поддршка  во напорите за контрола на АМР во Република Македонија и континуираната соработка беше изразена на  канцеларијата на СЗО во Скопје и регионалната канцеларија за Европа на СЗО.

2.0.2  Методологија на работа

Работилницата беше поделена во два дела.

А) Прв дел со презентации подготвени од EUCAST работната група за механизмите на резистенција кај Грам позитивни и Грам негативни бактерии, изготвување на антибиограмите и нивната интерпретација, спроведување на надворешна и внатрешна контрола при работа. На овој дел беа поканети сите микробиолози од Р. Македонија:  доктори специјалисти по медицинска микробиологија од сите јавно здравствени и приватни микробиолошки лаборатории, доктори на специјализација по медицинска микробиологија и лаборанти директно вклучени во изготвувањето на антибиограмите и подготовка на медиумите.

Присуствуваа 59 учесници од вкупно 26 институции јавно здравствени и приватни.

Б) На вториот дел практичен дел од работилницата, во  три лаборатории се овозможи примена на знаењата од првиот дел на работилницата со дискусија. Во овој дел беа вклучени 32 учесници подели во три групи од по 10-11 учесници.  Самиот  практичен дел беше поделен на два сегмента со времетраење  од по 2 ½ часа, со пауза за ручек помеѓу нив.Во секоја лабораторија се одвиваше различна вежба т.е. вкупно 6 различни вежби беа изведени за сите учесници. Групите циркулираа низ лабораториите. Секоја од вежбите траеше 40-45 мин.

2.0.3  Стручни презентации

Во привиот дел на работилницата беа дадени неколку стрични презентации.

Со првата презенатција од Проф др Жаклина Цековска, ИМП МФ, накратко беа објаснети механизмите на резистеција кај Грам позитивните бактерии, како и начините на детекција на антимикробната резистенција кај овој тип на бактерии. Јасно беа прикажани разликите помеѓу CLSI и EUCAST методологијата посочувајќи ги специфичностите при одредување и интерпретацијата особено на МРСА и ВРЕ соевите.

Следеше  презентација  од Доц др Ана Кафтаџиева, ИМП МФ, со која се објаснија механизмите на резистенција кај Грам негативните бактерии, начините на детекција на антимикробната резистенција и посебно внимание се обрати на детекцијата и интерпретацијата на ESBL соевите и карбапенемаза продучирачките ентеробактерии.

Од страна на Др Билјана Какраскоска Боцеска, м-р сци, од ИЈЗ, многу прецизно и детално беа  презентирани различните методи на тестирање со акцент на диск дифузионата метода,  методологијата на изготвување на медиумите за тестирање, правилото 15-15-15, подготовка на инокулум, засадување на плоча, читање на дијамтери и интерпретација, како и потенцијалните извори на грешки, и други важни детали за правилно спроведување ма тестот за пдредување на антимикробна осетливост.

Посебно беа презентирани спецификите на тестотовите на осетливост кај Streptococcus pneumoniae и  Haemophilus influenzae и методите за одредување на минимални инхибиторни концентрации од Др Елена Келепуровска, м-р сци од ЦЈЗ Битола.

Како последна, но не и помалку важна беше презентацијата на Др Дугагин Османи, од ИЈЗ, за важноста од  спроведување на внатрешна и надворешна контрола при тестирање на антимикробната осетливост, како  и  начините на кои таа се изведува, постапките кои треба да се следат, временските интервали, чувањето на соевите и сл.

2.0.4 Практичен дел на работилницата

Во првиот сегмент на на практичната работа  акцентот на вежбите беше самите учесници да направат тестови за одредување на осетливост кон антибиотици со диск-дифузионен тест, почнувајќи од основните принципи на изработка на тестовите, па се до правилно редење на антибиотските дискови за различни шеми антибиограми според  EUCAST правилата и методологијата.

lab group-slika 1

Слика 3. Практичен дел – прв сегмент: подготовка на антибиограми

Вториот сегмент беше посветен на правилно читање и интерпретација на резултатите од диск-дифузионите тестови кои беа предходно подготвени од страна на тимот, со акцент на механизмите на резистенција и нивно фенотипско препознавање.

Презентациите, антибиограмите и резултатите од практичната работа од работилницата  се доставени до сите учесници за понатамошно користење во рутинската работа.

group discussion-1

Слика 4. Практичен дел – втор сегмент: читање и интерпретација на резултати

3.0  Заклучоци

За време на работилницата се добија теоретски и практични сознанија и искуства за примена на EUCAST методологијата во рутинската работа на микробиолошките лабираториии кои се дел од националната CAESAR мрежа.

Врз основа на вака добиените детални насоки се очекува до крајот на септември микробиолошките лабираториии да ја имплементираат EUCAST методологијата.

Со примена на EUCAST методологијата во изработка на тестовите на осетливост ќе се зајакне и унапреди националниот CAESAR систем за следење на антимикробната резистенција, што ќе се рефлектира на дефинирање на националните и меѓународни политики за рационална примена на антибиотиците.

     Извештајот го подготви:

    Прим др Голубинка Бошевска, д-р сци

    национален АМР координатор