
Институтот за јавно здравје на РМ во соработка со основните училишта Јохан Хајнрих – Песталоци,
Рајко Жинзифов и Петар Здравковски – Пенко и Креативниот центар Ѕвезда го одбележаа Светскиот ден на храната 2015 пренесувајќи ја пораката: Да го свртиме кругот кон руралната средина, во своите цртежи.
Ликовните творби беа објавени на ФБ – профилот на Институтот за јавно здравје. Цртежот со најмногу допаѓања е илустрација на благодарницата што ја добија сите ученици кои нацртаа по еден цртеж, нивните наставнички и училиштето.
Десетте цртежи што имаа најмногу допаѓања ги врамивме и авторите ги подарија на Заводот за говор, слух и тон, Детското оддление на Клиниката за уво грло, нос, Дневниот центар за деца со церебрална парализа, Детска хирусгија, Клиниката за детски болести и Дневниот центар за деца со аутизам во Топанско Поле.
Иницијативата на Институтот за јавно здравје ја поздравија училиштата и институциите на кои ги дониравме сликите. Целта на оваа активност е преку анимирање на најмладите да ја подигнеме свеста кај општата популација за здрав стил на живот преку превенција на здравјето и да ја пренесеме пораката дека безбедната и здрава храна има значајна улога.