Screenshot_20231024_094037

Во светот, секоја трета жена и секој петти маж на возраст од 50 години и повеќе доживуваат остеопоротична фрактура. 

Screenshot_20231024_094506

Остеопорозата предизвикува коските да станат слаби и кревки, така што тие лесно се кршат – дури и како резултат на мал пад, удар, кивање или ненадејно движење. Таа често се нарекува и “тивка болест” затоа што не може да се почуствува таканареченото “ослабување на коските”. Фрактурите предизвикани од остеопороза може да бидат опасни по живот и главна причина за болка и долготрајна инвалидност. Оваа година, светскиот ден на oстеопорозата се прославува под мотото “ Изгради подобри коски”.

Во 2019 година во ЕУ, околу 25,5 милиони жени и 6,5 милиони мажи се проценува дека имале остеопороза, како и дополнителни 4,3 милиони милиони луѓе со скршеници суспектни за остеопороза. Во Република Северна Македнија, бројот на жени заболени од остеопороза изнесува околу 120.000. Овие бројки само ја укажуваат важноста за навремено дијагностицирање и третман.

Може ли да се спречат остеопорозата и фрактурите? Да, ако се преземе акција рано! Се смета дека градењето на силни и здрави коски за време на детството и адолесценцијата може да ја превенира остеопорозата подоцна во животот.

Остеопорозата најчесто нема знаци и симптоми, се додека не се скрши коската. Но затоа, постои еден знак кој кажува дека можеби имате остеопороза, а тоа е намалување на висината. Намалување на висината за повеќе од 4 cm може да биде знак за скршеници на р’бетот, особено ако е придружена со болки и искривување на грбот.

 

 

Кои ризик фактори придонесуваат за развој на остеопорозата?

  • Рана менопауза – се смета дека естрогенот има заштитно дејство врз коските. После менопаузата, телото продуцира мали количини на естроген, па тогаш започнува и намалување на коскениот дензитет.
  • Мала тежина – жени со BMI помал од 19 kg/m2 имаат поголем ризик од развој на остеопороза, поради помалите количини на естрогени, слично како кај жените кои се во менопауза.
  • Употреба на медикаменти – долготрајна употреба на кортикостероиди може да предизвика брз губиток на коскениот дензитет.
  • Одредени заболувања – Ревматоиден артритис, дијабет и кронова болест се најчести болести асоцирани со поголем ризик од остеопороза.
  • Фамилијарна историја на скршеници на колк.

 

Како се дијагностицира и третира остеопорозата?

За да се дијагностицира остеопороза и да се процени ризикот од фрактури и да се утврди дали ви е потребен третман, вашиот доктор најверојатно ќе препорача да направите остеодензитометрија                                                 (скенирање за утврдување на густината на коските).
Препораките за третман често се базираат на проценка на ризикот од фрактура на коска во следните 10 години преку добивање на информации од дексаскенерот (апаратот за мерење на густината на коските). Ако вашиот ризик не е висок, третманот може да не вклучува лекови и може да се фокусира на модифицирање на факторите на ризик , како и препораки за да се избегнуваат падови.

Дали сте под ризик за појава на остеопороза? Направете проверка на ризикот преку следниот тест: https://riskcheck.osteoporosis.foundation/en

 

6 чекори до здрави коски и иднина без фрактури

  • Вежбајте редовно – Најдобри се вежбите за носење тежина, за зајакнување на мускулите и за вежбање рамнотежа. Секако, препорачливо е и џогирањето, како и пливањето и возењето велосипед. Вежбајте по 30-40 минути, три до четирипати неделно.
  • Исхрана – Калциумот, витаминот Д и протеините се најважни за здравјето на коските. Млечните производи, а посебно тврдото сирење се најбогат извор на калциум. Само 30g тврдо сирење задоволува 25% од дневните потреби за калциум во организмот.
  • Безбедното изложување на сонце од најмалку 10 минути на ден, како и внесување на витаминот Д преку суплементација ќе ви помогне да обезбедите доволна количина во телото.
  • Начин на живот – Одржувајте здрава телесна тежина, избегнувајте пушење и прекумерно пиење.
  • Историја на болест – Известете го вашиот лекар доколку имате претходна историја на скршеници на коска, фамилијарна историја на остеопороза или земате одредени лекови кои го афектираат здравјето на коската.
  • Тестирање и третман – Ако сте изложени на висок ризик, најверојатно ќе ви требаат лекови и промени во животниот стил за да се заштитите од фрактури.

 

Подготвил: Оддел за здравствена промоција и следење на болести