- спроведува здравствено-воспитна дејност преку изработка на глобални и специфични републички програми за здравствено воспитание;
- организира и спроведува здравствено промотивни кампањи, едукативни работилници, трибини и друг вид манифестации;
- ја следи реализацијата и евалуацијата на резултатите;
- планира и координира акции за промоција на здравјето;
- соработува со СЗО заради остварување на активности во врска со промоцијата на здравјето;
- дава стручно-методолошка помош таму каде што е потребна;
- учествува во образовната дејност и едукацијата на здравствените кадри од сите профили, од областа на здравственото воспитание;
- непосредно соработува со средствата за јавно информирање, хуманитарните организации, здруженија и асоцијации од земјата и од странство;
- спроведува публицистичка дејност преку изработка на публикации и здраствено-воспитни средства (брошури, плакати, летоци и др.);
- спроведува научно –истражувачки проекти од областа на здравството.
Началник : Проф. д-р Елена Ќосевска – специјалист по социјална медицина
Тел.02/3125-044 локал 230
e-mail: kosevska@yahoo.com