Министерство за здравство, СЗО и УСАИД  го одбележаа успешното завршување на два проекти за зајакнување на капацитетите на здравствениот систем за одговор на вонредни ситуации и вакцинација против КОВИД19

Министерот за здравство Беким Сали нагласи дека постигнувањата во рамки на проектите ќе служат како поткрепа во поставувањето приоритетни цели на дваесетгодишната Национална развојна стратегија на Северна Македонија 2023–2042 година, која е во фаза на изготвување.

„Понатамошните инвестиции и реобмислувањето на приоритетите во контекстот на КОВИД-19 создаваат уникатна можност за засилени активности за создавање поздрав свет, затоа што силните здравствени системи спасуваат повеќе животи,“ изјави д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО во Северна Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје.

Џери Дајбл, претставничка на Канцеларијата на УСАИД, истакна дека сега е клучно време да се осигураме дека сме уште подобро подготвени за иднината, користејќи го она што веќе го научивме. „Во наредните месеци, ќе работиме заедно на унапредување на здравствените политики, зајакнување на Агенцијата за лекови и медицински средства, а ќе продолжиме и со поддржување на подготвеноста и спроведувањето на вакцинација против КОВИД-19 во Северна Македонија,” изјави таа.

Поддржувајќи ги здравствените власти во одговорот на КОВИД-19, истовремено се градат и цврсти столбови за ефикасно реагирање при идни јавно-здравствени вонредни ситуации.

На денешната панел дискусија „Зајакнување на капацитетите на државата за подобро да одговори на КОВИД-19 и на другите итни здравствени состојби“ се зборуваше за активностите на СЗО и УСАИД од оваа област, меѓу кои и формирањето на Центар за епидемиолошко следење и управување со вонредни ситуации, зголемувањето на ефективноста на мрежата на лаборатории во јавното здравство и одговорот на пошироките здравствени потреби на населението, вклучувајќи го и менталното здравје.

Панел дискусијата ја модерираше Танас Гога, стручно-техничко лице за комуникации на ризик при Балканскиот центар за вонредни состојби на СЗО, а во неа учествуваа:

Прим. д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје

Асс. д-р Милена Стевановиќ од Универзитетската клиника за инфективни болести

Проф. д-р Голубинка Бошевска од Институтот за јавно здравје и

Проф. д-р Стојан Бајрактаров од Универзитетска клиника за психијатрија.

szo 1

 

szo3

 

szo4

 

На денешната панел дискусија „Зајакнување на имунизацијата против КОВИД19 преку градење на капацитетите, дигитализација и справување со неодлучноста“ се дискутираше за активностите на СЗО и УСАИД од оваа област, меѓу кои беа поддршката при осмислување, надгледување и прилагодување на интервенциите за одговор на КОВИД-19, безбедната испорака на вакцините, овозможувањето на нови вештини и знаења за здравствените работници и истражувањето на ставовите на граѓаните за вакцинацијата против КОВИД-19.

Панел дискусијата ја модерираше Танас Гога, стручно-техничко лице за комуникации на ризик при Балканскиот центар за вонредни состојби на СЗО, а во неа учествуваа:

Проф. д-р Александра Грозданова од Националниот комитет за имунизација на Министерството за здравство

Проф. д-р Катарина Ставриќ од Центарот за семејна медицина

Проф. д-р Елена Ќосевска од Институтот за јавно здравје и

Д-р Драган Јанковиќ од Регионална канцеларија на СЗО за Европа.

szo5

 

szo site

 

szo 2

 

 

ИЗВОР: WHO North Macedonia (текст и фотографии)