
Во Загреб на 30 март 2016 година се воспоставени темелите на Мрежата на Југоисточна Европа за безбедност и контрола на квалитетот на храната (South East European Network for food safety and quality Control – SEEN-FSQC), асоцијација формирана на иницијатива на Наставниот Завод за јавно здравје “Д-р Андрија Штанпар ” од Загреб. Инстититот за јавно здравје на РМ е еден од основачите на Мрежата, претставуван преку директорот ас. д-р Шабан Мемети и доц. д-р Гордана Ристовска, кои присуствуваа на основачкото собрание.
Целта на мрежата е да го заштитува и унапредува здравјето на граѓаните, но и да ја подобри економијата на регионот преку стандардизација на контрола на безбедноста и квалитетот на храната, преку зајакнат процесот на контрола, надзор, тестирање и воопшто управување со квалитетот на храната.
Мрежа за контрола на квалитет и безбедност на храна од Југоисточна Европа е интернационлно здружение во кое учествуваат Институти за јавно здравје од регионот, Центри за јавно здравје, научни и образовни институции (факлутети и истражувачки центри), јавни и приватни лаборатории. Сите институции, во зависност од областа на своето работење, континуирано ќе работат на заштита на потрошувачите, контрола на сите аспекти на безбедноста на храната, поддршка за стандардизација на производство, транспорт и продажба, поттикнување на производителите да користат стручна помош за усогласување на стандарди за безбедност и квалитет на храната.
Основачите на мрежата се водечки институции од Хрватска, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово од областа на јавното здравје, а во наредниот период се очекува да се приклучат и соодветни институции од Србија, Бугарија, Романија, Грција, Унгарија и Албанија. На свеченото прогласување за воспоставување на Мрежата присуствуваа специјалниот пратеник на претседателот на Хрватска, проф. д-р. Мате Граниќ, како и градоначалникот на Град Загреб, Милан Бандиќ.
Во прилог на заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување на унифицирани стандарди за безбедност и квалитет на храна во земјите од Југоисточна Европа, која е примарен мотив за формирање на мрежа, оваа иницијатива, исто така, ќе им помогне на производителите и трговците со храна да бидат поконкурентни на домашниот и странските пазари.
Ознаката “Контролиран квалитет на храната” ќе биде првиот проект на Мрежата за контрола на квалитет и безбедност на храна од Југоисточна Европа.
Ознаката “Контролиран квалитет” ќе претставува гаранција за безбедни и квалитетни прехранбени производи и со тоа ќе овозможи дополнителна сигурност и за потрошувачите, но и за оперторите со храна. Овој проект успешно се спроведува од страна на НЗЈЗ “Д-р Андрија Штампар во Хрватска, но сега ќе започне да се приемнува и во останатите земји во Регионот.
Ознаката “Контролиран квалитет” се доделува врз основа на сеопфатна анализа на квалитет и безбедност, преглед на целокупната документација и контрола на производството, транспортот и дистрибуцијата. Услугата е насочена пред се на бизниси во прехранбената индустрија, производители на традиционални и другите прехранбени производи и субјекти во бизнисот со храна, вклучувајќи ги и трговците на големо кои ги пласираат своите сопствени брендови. Овој проект е условен од тековните потреби на пазарот и потрошувачите, како и трендовите во дистрибуцијата на храната кои се јавуваат на глобално ниво.