Во оваа лабораторија се вршат испитувања на содржината на тешки метали во прехранбените производи и водата за пиење. Освен испитување на содржината на резидуите на тешките метали во прехранбените производи во оваа лабораторија се вршат испитувања и на метали во биолошки материјали. Сите овие задачи се остваруваат како рутина, законска обврска, на барање на корисник на услуги или по индикации.
Оваа лабораторија е акредитирана (според ISO/IEC 17025:2005) за испитување на:
Определување на олово, кадмиум, цинк, бакар и железо со атомска абсорпциона спектрометрија (ААЅ), со електротелмална атомска абсорпциона спектрометрија (GFAAS) и определување на жива со атомска абсорпциона спектрометрија со студено испарување (CVAAS) во сите прехранбени продукти што се анализираат, освен масти, масла и други екстремно масни продукти.