20211015PHT15025_original

 

Конференцијата на Обединетите нации (ОН) за климатски промени, позната како КОП26 (COP26), се одржа во Глазгов, Шкотска oд 31.10 до 12.11.2021 година.

Цели со чие постигнување би се намалиле негативните ефекти од климатските промени:

  • Да се задржи глобалното затоплување под 1,50C, преземајќи брза и конкретна акција, како и финансирање на овие чекори.
  • Развиените земји мора што побрзо да ја исфрлат енергијата од јаглен и сите земји треба да се обврзат да не отвораат или финансираат нови термо-електрани на јаглен низ светот.
  • Да се обезбеди на земјите во развој поголема поддршка за испорака на чиста енергија до нивните граѓани.
  • Заштита и зголемување на шумските површини, затоа штово моментов се губат шумски површини со големина на фудбалски терен на секои неколку секунди.
  • Користење на превозни средства со нула емисија односно „зелена“ и чиста енергија.
  • Намалување на оптоварувањето со болести предизвикани од климатските промени.

 

Што нѐ очекува ако продолжиме како што сме тргнале?

  • Суши
  • Поплави
  • Топлотни бранови
  • Покачени температури
  • Шумски пожари
  • Намалување на земјоделско производство
  • Зголемување на бројот на штетници и вектор преносливи болести
  • Намалување на квалитетот и пристапот до храна

 

Влијание врз здравјето

  • Зголеменaстапка на респираторни и кардиоваскуларни болести,
  • Повреди и предвремени смртни случаи поврзани со екстремни временски настани,
  • Промени во распространетоста и географската дистрибуција на болести кои се пренесуваат преку храна и вода и други заразни болести и закани за менталното здравје.

 

Можеш да придонесеш и ти!

  • Зборувајте и свртете го вниманието за климатските промени,
  • Намалете ја потрошувачката на вода,
  • Направете го вашиот дом енергетски ефикасен,
  • Користете моторни возила на чиста енергија,
  • Практикувајте активен (пешачење, со велосипед и сл.) и јавен транспорт.

 

 

Трошете толку колку Ви е неопходно, а не премногу и бидете посреќни!