Во период од 26.01.2019 до 01.02.2019 пријавени се 52 случаи на мали сипаници во Скопје, и два случаи од Богданци за кои што не може да се најде епидемиолошка поврзаност со случаите пријавени во епидемијата во Скопје.

Заклучно со 01.02.2019, во епидемијата во Скопје се регистрирани  148 случаи на мали сипаници.

Епидемијата ги зафаќа сите општини на територијата на град Скопје.

Возраста на заболените се движи од 1 месец до 51 години. Од вкупниот број на  заболени, 85 (57,4%)  се на возраст до 4 години, а 36 лица  (24,3%)  на возраст над 30 години.

Според вакциналниот статус, 125 или 84,5% од заболени лица се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Од вкупниот број на заболени (n=148), 77 лица односно 52% се лабораториски потврдени.

Во однос на спроведените засилени активности за вакцинација со МРП вакцина, од почетокот на на епидемијата, вкупниот број на вакцинирани лица во РМ изнесува 5509, од кои 4.875 лица се на територијата на град Скопје.

Остануваат на сила претходно препорачаните мерки и активности кои ги превземаат Центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, ДСЗИ и вакциналните тимови во пунктовите за вакцинација.

 

 

 

 

Скопје, 01.02.2019

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

ИЈЗ Скопје