Во текот на 48-ма недела од 2022 година (од 28.11-04.12.2022), во Република Северна Македонија се пријавени 58 случаи (3,2/100.000 жители) на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, соодветно за овој период од сезоната, со зголемување за 3,2 пати во споредба со минатата недела (18), намалено во однос и на минатата сезона и просекот.
Заболените лица се регистрирани во Тетово – 28, Гостивар – 13, Кавадарци, Прилеп, Македонски Брод и Струмица – по 4 и Куманово – 1.
Во однос на возраста, забележани се заболени во сите возрасни групи. Возрасната група 15-64 години бележи најголем број на заболени лица – 35, а највисока инциденца е регистрирана кај возрасната група од 5-14 години (6,5/100.000 жители).
Во текот на 48-ма извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, 320 материјали од кои 22 од сентинел САРИ надзорот беа паралелно тестирани за грип и COVID-19. Од тестираните материјали, два се позитивни – Influenza A несубтипизиран и Influenza A(H3N2). Oд САРИ примероците, 11 се тестирани за респираторен синцицијален вирус, од кои 6 се позитивни. Кај 2 примероци е детектирано присуство на Adeno virus.
Кумулативно од 40-48 недела, пријавени се вкупно 202 случаи (11,0/100.000 жители).
Најголем број се пријавени во Тетово (84) и Гостивар (65). Во однос на возраста, најголем број е пријавен кај најголемата возрасна група од 15-64 години – 136 заболени лица а највисока инциденца е регистрирана кај возрасната група од 0-4 години (21,8/100.000 жители).
Кумулативно, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, досега се тестирани 2.570 материјали од кои 7 се со позитивен резултат – 4 Influenza A(H3), 1 Influenza A(H3N2), 1 Influenza A несубтипизиран и еден Influenza B.
Вакцинација против грип
Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО):
- Постарите лица (над 65 години)
- Деца на возраст од 6-59 месеци
- Лица постари од 6 месеци со хронични болести
- Бремени жени, и
- Здравствени работници.
За сезоната 2022/2023, Министерството за здравство обезбеди бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 40.000 дози, наменета за приоритетни групи население. Дополнителни 20.000 дози на четиривалентна вакцина се обезбедени преку донација од PIVI (Partnership for Influenza Vaccine Introduction).
Вакцинацијата против сезонски грип за сезоната 2022/2023 започна на 19.10.2022 и се спроведува во Центрите за јавно здравје со нивните Подрачни единици и/или Здравствените домови. Закажувањето за бесплатните вакцини се одвива преку веб страната www.vakcinacija.mk.
Дополнителни 6.000 дози комерцијални вакцини се набавени од страна на Центрите за јавно здравје, како вакцини за останатото население кое не спаѓа во горенаведените групи, истите можат да се добијат за одреден финансиски надомест и се спроведува во Центрите за јавно здравје со нивните Подрачни единици.
Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата, а заклучно со затворањето на овој извештај, вакцинирани се вкупно 54.109 лица од ризичните категории население со бесплатни вакцини. Во однос на комерцијалните вакцини вакцинирани се 2.510 лица.
Заклучно со 48-ма недела, во Р.С. Македонија, вакцинирани се вкупно 56.619 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.
ЕВРОПСКИ РЕГИОН
Согласно извештајот на Flu News Europe објавен за 47-ма недела 2022 година за активноста на вирусот на грип низ Европскиот регион:
- Процентот на сите примероци од примарна здравствена заштита од сентинел од пациенти со симптоми на ИЛИ или АРИ кои биле позитивни на вирусот на грип е 14% (13% во претходната недела), што е над епидемискиот праг поставен на 10% трета недела со ред.
- Девет земји во регионот пријавија широко распространета активност на грип и/или среден интензитет, Германија, Казакстан, Киргистан, Малта, Португалија, Романија, Русија, Турција и Велика Британија (Шкотска).
- Се детектираат вирусите на грип тип А и Б, при што А(H3) е доминантен во сентинел и редовниот надзор.
- Пријавени се хоспитализирани случаи со потврдена инфекција со вирусот на грип од одделенијата за интензивна нега (2 Influenza А), од болнички одделенија (64 Influenza А и 2 Influenza B) и САРИ надзорот (60 Influenza B и 39 Influenza А).
Според квалитативните индикатори, во однос на интензитетот, 13 земји се на базично, 22 на ниско ниво, 3 земји на средно ниво и 2 земји на високо ниво.
Според географската распространетост, 6 земји немаат активност, 18 пријавуваат спорадични случаи, 2 со локална распространетост, 9 земји – регионална географска распространетост и 6 земји широка распространетост.
Оддел за епидемиологија на заразни болести
Институт за јавно здравје