Од 23-27 октомври се одбележува Европската недела за безбедност и здравје на работаза 2017 година. Во изминатите две години, кампањата за подобрување на професионалното здравје и безбедноста на работа се одвиваше под мотото „Здрави работни места за сите возрасти“.

Во текот на оваа година Европската комисија ги објави 20-те темелни социјални права , сакајќи да ги промовира принципите за еднакви можности за пристап кон пазарот на трудот и за праведни услови за работа. Како прилог кон оваа заложба, Европската агенција за безбедност и здравје на работа објави повеќе практични алатки со цел активно да придонесе во остварувањето на мотото на кампањата за здрави работни места.

Европската комисија досега главно негативно ги оценува  постигнувањата во областа на безбедноста и здравјето на работа во Република Македонија (поглавје 19, стр. 50). За Институтот за јавно здравје на Република Македонијатоа беше дополнителен поттик за континуираното дополнително ангажирање во унапредувањето на условите за работа и превенција на здравјето на работниците. Така, Одделението за медицина на труд и проценка на здравствени ризици, кое беше формирано во 2009 година, во меѓувреме прерасна во најголемаовластена установа за медицина на труд која работи во областа на професионалното здравје. Со својата стручна, наставно-истражувачка и публицистичка работа, Институтот за јавно здравје, преку своето Одделение за медицина на труд, неуморно настојуваше да даде свој придонес кон креирањето на политиките и јакнењето на  капацитетите во областа на професионалното здравје. Колку во тоа успеавме и колку со тоа влијаевме на оние кои се најодговорни за безбедноста и здравјето на работниците кај нас, останува да видиме и да го сочекаме најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2017 година.

Како континуитет на нашите определби за подобри работни места и наш придонес кон одбележувањето на Европската недела за безбедност и здравје на работа, уште еднаш потсетуваме на дел од она што го направивме во изминатите две години и го понудивме на стручната јавност, на работниците и работодавачите, на коморите и синдикатите, на невладиниот сектор и на креаторите на националната политика во оваа област.

Следејќи ги европските политики во областа на безбедноста и професионалното здравје, се определивме да ја афирмираме потребата за воспоставување на систем за прибирање, обработка и дисеминација на индикатори за остварување и индикатори за успешност. Кај нас за жал се уште не постојат  релевантни податоци за тоа колку работни места се со зголемен ризик поради постоење на физички, хемиски, биолошки и психосоцијални штетности во работната средина; во кои дејности се тие работни места; за колку работници станува збор; колку реално има повреди на работа, има ли воопшто професионални болести во Република Македонија….?

Соочувајќи се со многу проблеми, опструкции и блокади, сепак ги направивме првите значајни чекори во оваа област, а резултатите редовно ги ставаме на нашата интернет страница (http://www.iph.mk/dejnosti/sektor-za-zdravstvena-ekologija/oddelenie-za-medicina-na-trud-i-procenka-na-zdravstveni-rizici/).

Така, ги изработивме појдовните документи за воспоставување на индивидуалните и збирни евиденции во областа на безбедноста и здравјето на работа и тоа :

Сакајќи да дадеме придонес кон јакнење на професионалните капацитети на експертите за безбедност на работа и за медицина на труд, како и на овластените лица за безбедност на работа, ги објавивме водичите за проценка на ризик во неколку значајни обалсти и тоа за:

Поаѓајќи од фактот дека здравјето на работниците е посебен етички проблем за сите професионалци што работат во областа на безбедноста и здравјето на работа, Меѓународната комисија за професионално здравје го има објавено Кодексот за однесување и за работа  на професионалците во оваа област. Ние го преведовме и го прилагодивме на нашите услови овој текст, во очекување дека во најскоро време тој ќе прерасне во базичен документ со кој ќе се дефинираат должностите, обврските и условите за обавување на работата за сите стручњаците за професионално здравје и тоа доктори специјалисти по медицина на друг, инжинери за безбедност на работа, индустриски хигиеничари, ергономи, токсиколози, психолози и многу други:

Како пример на добра практика во областа на безбедноста и здравјето на работа, Одделението за медицина на труд го објави  Извештајот од една меѓународна компаративна истражувачка студија за тоа како во една мала земја, со лимитирани ресурси, треба и мора да се регулираат етички и безбедносни аспекти при при снимање со магнетна резонанца. Студијата има за цел да понуди глобален национален пристап за решавање наовие аспекти и за сите други работни процеси, а се темели на искуствата во развиените земји од Западна Европа и Северна Америка.

Имајќи во предвид дека образованието во областа на безбедност и здравје на работа е клучот во постигнување на прогрес за унапредување на условите во работната средина и превенцијата на професионалните болести и повреди на работа, Одделението за медицина на труд и проценка на здравствени ризици ги изработи предлог-основите за организирање на образование и обука во областа на безбедност и здравје на работа. Со овој предлог-модел за прв пат се дава осврт на суштинските разлики меѓу формалнотоакадемско образование (во прв, втор и трет циклус на студии) на експерти во областа на професионално здравје, доживотното учење на возрасни и стекнување на компетенции за стручна/професионална работа во областа и обуката на стручните лица за безбедност и здравје на работа. Овој предлог е исто така објавен на интернет страницата на Одделението за медицина на труд и професионално здравје.

Се надеваме дека на ваков начин дадовме реален придонес кон создавање на модерен и современ систем за безбедност и здравје на работа во Република Македонија. Очекуваме дека во наредната година, со нови сили и идеи да се фокусираме кон остваарување на активностите под чие мото ќе се организира европската кампања за безбедност и здравје на работа за 2018 година, а тоа е превенцијата на ризиците од опасни хемиски и биолошки супстанци. А тука, навистина има многу нешта што мора да се направат и тоа час поскоро – од креирање на национални политики, до развој на методологии и градење на инфраструктура. И тоа треба да го направиме  не  заради вклученост во европски ориентирани кампањи, туку едноставно затоа што нашите работници заслужуваат достоинствени и безбедни услови за работа, а работодавачите се должни тоа да им го овозможат.