ЕБОЛА ВИРУСНА БОЛЕСТ, ЗАПАДНА АФРИКА

Податоци за епидемијата до: 10.10.2014

Досега се регистрирани вкупно 8.399 заболени и 4.033 смртни случаи во седум зафатени земји. Според активноста на вирусот и распространетоста на болеста земјите се делат во две категории: земји со широко-распространета и интензивна трансмисија (Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне); и земји со еден до неколку случаи или со локализирана трансмисија (Нигерија, Сенегал, Шпанија, САД). Во извештајот е даден и преглед на состојбата во ДР Конго, каде во тек е епидемија неповрзана со епидемијата во земјите од Западна Африка.

  1. Земји со широко-распространета и интензивна трансмисија

Од почетокот на епидемијата па до сега Министерствата за здравство на Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија пријавија 8.376 (веројатни, потврдени и сомнителни) заболени и 4.024 смртни случаи (Табела 1).

Табела 1. Потврдени, веројатни, сомнителни и смртни случаи од вирусот на Ебола во Гвинеја, Либерија, Нигерија и Сиера Леоне, до 10 октомври 2014**

Земја Дефиниција на случај Заболени Починати
Гвинеја Потврдени 1.097 598
Веројатни 183 180
Сомнителни 73 0
Вкупно 1.350 778
Либерија Потврдени 943* 1.072*
Веројатни 1.874 725
Сомнителни 1.259 519
Вкупно 4.076 2.316
Сиера Леоне Потврдени 2.593 753
Веројатни 37** 142**
Сомнителни 320 35
Вкупно 2.950 930
Вкупно   8.376 4.024

* Во Либерија, според официјалните податоци од Министерството за здравство на оваа земја, се пријавени 129 смртни потврдени случаи повеќе од бројката на потврдени заболени лица.

** Во Сиера Леоне, според официјалните податоци од Министерството за здравство на оваа земја, се пријавени 105 смртни веројатни случаи повеќе од бројот на веројатни заболени лица. Овие бројки се предмет на измена како резултат на понатамошни континуирани рекласификации, ретроспективни истражувања и достапност до лабораториски резултати.

Експозицијата на здравствените работници на ЕВБ во текот на оваа епидемија и натаму е алармантна. Досега, 416 здравствени работници развиле ЕВБ (74 во Гвинеја, 201 во Либерија, 11 во Нигерија и 129 во Сиера Леоне, како и еден во Шпанија). Од нив, 233 здравствени работници починале како резултат на ЕВБ (38 во Гвинеја, 95 во Либерија, 5 во Нигерија и 95 во Сиера Леоне). Продолжуваат истражувањата за експозицијата на здравствените работници.

На сликата се прикажани зафатените областите од земјите со широко-распространета и интензивна трансмисија, со приказ на бројот на случаите.

Слика 1. Дистрибуција на случаи на ЕВБ во земјите со интензивна трансмисија

  1. Земји со еден до неколку случаи или со локализирана трансмисија

Четири земји, Нигерија, Сенегал, Шпанија и САД досега пријавиле по еден случај или случаи увезени од земја со широка распространетост и интензивен пренос. Во Нигерија, се регистрирани 20 заболени и 8 смртни случаи. Во Сенегал, е регистриран еден случај, но се уште нема смртни или дополнителни сомнителни случаи за Ебола (Таб 2).

На 30.09.2014 година, СЗО беше информиран за првиот потврден импортиран случај на ЕВБ во САД. Пациентот е возрасно лице кое неодамна патувало во Западна Африка. Тој  развил симптоми компатибилни со ЕВБ на 24 септември 2014 година, приближно четири дена по пристигнувањето во САД. Пациентот побарал медицинска помош на 26 септември и бил ставен во изолација на 28 септември во Далас. Примероци за тестирање биле испратени во CDC во Атланта и во државната лабораторија во Тексас. Резултатите беа позитивни за вирусот на Ебола.

Табела 2. Случаи на Ебола вирусна болест во Нигерија, Сенегал, Шпанија и САД

Земја Дефиниција на случај Заболени Починати
Нигерија Потврдени 19 7
Веројатни 1 1
Сомнителни 0 0
Вкупно 20 8
Сенегал Потврдени 1 0
Веројатни 0 0
Сомнителни 0 0
Вкупно 1 0
САД Потврдени 1 1
Веројатни 0 0
Сомнителни 0 0
Вкупно 1 1
Шпанија Потврдени 1 0
Веројатни 0 0
Сомнителни 0 0
Вкупно 1 0
Вкупно   23 9

На 30 септември 2014 година, Панамериканската здравствена организација (ПАХО/СЗО) информира за првиот потврден импортиран случај на ЕВБ во САД. Пациентот починал на 8 октомври. На 6 октомври 2014 година, регистриран е првиот потврден случај на ЕВБ во Шпанија, кај здравствен работник со позитивен тест за ЕВБ, по работа со пациенти кои биле вратени од Западна Африка. Овој случај е прв случај на трансмисија од човек на човек на ЕВБ надвор од Африка. Досега нема понатамошни извештаи за ЕВБ инфекција во Шпанија или Соединетите Американски Држави.

Во Нигерија, сите 891 контакти го завршиле 21-дневниот период на следење (362 контакти во Лагос, 529 контакти во Порт Харкурт). Добиен е и вториот ЕВБ-негативен резултат од последниот потврден случај на 8 септември (пред 32 дена).

Во Сенегал, сите контакти исто така го комплетирале периодот на 21-дневен здравствен надзор, без да се пријави нов случај на ЕВБ. Вториот негативен примерок е добиен од единствениот потврден случај на ЕВБ од Сенегал на 5 септември (пред 35 дена).

Во САД, 48 можни контакти се следат до 21-от ден од датумот на нивната можна експозиција на ЕВБ.

Во Шпанија е во тек идентификацијата на блиски контакти за следење на дневна база.

 

АНЕКС 1. Состојба со ЕВБ во ДР Конго

До 7 октомври 2014 година, е регистриран  71 случај (31 потврдени, 26 веројатни, 14 сомнителни) на Ебола вирусна болест (ЕВБ) во Демократска Република Конго, вклучувајќи осум меѓу здравствените работници. Вкупно се пријавени 43 смртни случаи, вклучувајќи осум меѓу здравствените работници.

830 контакти го завршиле 21-дневниот период на следење.

Оваа епидемија не е поврзана со епидемијата во земјите од Западна Африка (Гвинеја, Либерија, Нигерија, Сенегал и Сиера Леоне) и Шпанија и Соединетите Американски Држави.

АНЕКС 2. Критериуми употребени за класификација на случаи на Ебола

Ебола случаите се класифицирани како: потврдени (секој сомнителен или веројатен случај со позитивен лабораториски резултат); веројатни (секој сомнителен случај евалуиран од лекар, ИЛИ секој починат сомнителен случај кој има епидемиолошка врска со потврден случај, кога не е можно да се земат примероци за лабораториска потврда); или сомнителни (било кој човек, жив или мртов, кој имал ненадејна појава на висока температура и имал контакт со сомнителен, веројатен или потврден случај на Ебола или со мртви или болни животни, ИЛИ кое било лице со ненадејна појава на висока температура и најмалку три од следниве симптоми: главоболка, повраќање, анорексија/ губење на апетитот, дијареа, летаргија, болки во стомакот, болки во мускулите или зглобовите, тешкотии при голтање, тешкотии во дишењето, ИЛИ кое било лице со необјаснето крварење, ИЛИ ненадејна, необјаснета смрт).

Вкупниот број на случаи е предмет на промена поради рекласификација, ретроспективна истрага, консолидација на случаи и лабораториски податоци како и подобрен надзор. Податоците објавени во извештајот се базирани на достапни информации пријавени од страна на соодеветните Министерства за здравство.

Извор: http://apps.who.int/iris/bitstream/10665/136161/1/roadmapupdate10Oct14_eng.pdf

 

Сектор за превенција и контрола на заразните заболувања

 Одделение за следење и надзор над заразните болести