СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 12.04.2020
Тестирани се вкупно 330 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 26 или 7,9% од тестираните. Потврдените случаи се од 7 градови, а најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Куманово, Скопје и Тетово (Табела 1).
Табела 1. Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по град, РС Македонија, 12.04.2020
Град Број на заболени Починати
Куманово | 11 | 0 |
Скопје | 4 | 2 |
Тетово | 4 | 0 |
Прилеп | 3 | 1 |
Велес | 2 | 1 |
Кочани | 1 | 0 |
Пробиштип | 1 | 0 |
Вкупно | 26 | 4 |
Најголем дел од регистрираните случаи, по 8, се на возраст од 50 – 59 години и над 60 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 13 женски и 13 машки лица.
Хоспитализирани се 7 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 11 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Вкупно 9 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а регистрирано е едно лица кои имало историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат дополнителни 3 лица кои биле на домашно лекување.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 12.04.2020, пријавени се вкупно 854 случаи на COVID-19 (I=41,3/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 19 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје и Куманово, додека највисок леталитет (со исклучок на странскиот државјанин од Кавадарци) се регистрира во Струга и Тетово (Табела 2).
Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по град, РС Македонија, 2020
Дистрибуција по градови Вкупно Инциденца Умрени (вкупно) | Леталитет |
/100 000 | |
Вкупно 854 41.3 38 | 4.4% |
Скопје 316 51.2 7** | 2.2% |
Куманово 211 147.9 10 | 4.7% |
Прилеп 75 78.7 2 | 2.7% |
Дебар 49 176.5 4 | 8.2% |
Струга 43 63.4 6 | 14.0% |
Тетово 37 18.5 4 | 10.8% |
Велес 32 48.3 2 | 6.3% |
Штип 27 51.3 1 | 3.7% |
Кочани 22 45.9 1 | 4.5% |
Битола 9 8.8 0 | 0.0% |
Гостивар 8 6.7 0 | 0.0% |
Радовиш 4 12.3 0 | 0.0% |
Гевгелија 4 11.6 0 | 0.0% |
Охрид 4 7.1 0 | 0.0% |
Крушево 3 31.5 0 | 0.0% |
Крива Паланка 3 12.5 0 | 0.0% |
Кавадарци 3 7.0 1* | / |
Пробиштип 2 13.1 0 | 0.0% |
Струмица 2 2.1 0 | 0.0% |
*странски државјанин ** затвореник со место на живеење во Ресен |
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 147,9, додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Прилеп, Струга, Штип и Скопје (Табела 2, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 399 машки и 455 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 38,5/100.000, додека кај женските 44,1/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години (медијана – 46 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 184 (21,5%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 66,2/100.000. Кај лица над 60 години регистрирани се 179 случаи со инциденца од 46,7/100.000 (Графикон 1). Најниска инциденца од 13,5 и 14,4 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 31 и 36 случаи соодветно.
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=854)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=72) е регистриран на 04.04.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=854)
Од пријавените случаи, 23,2% (n=198) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (63,9%), кашлица (57,8%), слабост (34,2%), треска (18,9%), болка во грло (15,3%),
отежнато дишење (15,0%) и главоболка (12,3%).
Кај 261 или 30,6% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Во однос на коморбидитети, кај 242 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 161 лица имаат кардиоваскуларна болест, 50 лица се со хронична белодробна болест, 50 со дијабет, 15 со хронична бубрежна болест и 37 со други хронични болести.
Од хоспитализираните случаи, кај 100 се присутни коморбидитети. Регистрирани се 121 случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Според исходот од заболувањето, кај 753 лица се активни случаи, 44 случаи се водат ако оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување.
Регистрирани се 38 смртни случаи (Лт = 4,4%). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=25) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 6,5/100.000 жители. Од починатите, кај 29 (76,4%) се регистрирани коморбидитети.
Од вкупниот број на случаи, 85 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје). Вкупно 505 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата во (Графикон 2).
Од 15.02.2020 до 10.04.2020 тестирани се вкупно 8.552 материјали (детектирани 854 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS- CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 4.133 теста на 1.000.000 жители.
Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=8.552)
Кумулативен број на тестови | Вкупно тестови | Вкупно позитивни |
ВКУПНО | 8552 | 854 |
ИЈЗ – Вирусологија | 5649 | 724 |
Ветеринарен Факултет (скрининг) | 180 | 10 |
Авицена (скрининг) | 177 | 9 |
Биотек (приватни) | 354 | 19 |
Жан Митрев Клиника (приватни) | 2192 | 92 |
Од позитивните случаи, регистрирани се 1.830 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена.
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:
- Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Куманово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 3 (локализирана трансмисија).
Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.
Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 16:00 – 05:00, во викедни целосно, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.
Движење на лицата во Република Северна Македонија на возраст над 67 години е дозволено во временски период од 10:00-12:00 часот, додека на лицата на возраст до 18 години, во временски период од 13:00-15:00 часот.
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 12.04.2020: Број на потврдени случаи на глобално ниво – 1.69.558 (85.679 нови) Број на смртни случаи на глобално ниво – 105.952 ( 6.262 нови)
Број на зафатени земји/ територии - 213
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 880.106 (40.849 нови)
- Смртни случаи – 74.237 (3.672 нови)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 573.940 (37.276 нови)
- Смртни случаи – 21.631 (2.237 нови)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 120.116 (1.567 нови)
- Смртни случаи – 4.058 (41 нови)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 95.945 (3.719 нови)
- Смртни случаи – 4.943 (172 нови)
- Регион на СЗО Југо-источна Азија
- Потврдени случаи – 16.041 (1.880 нови)
- Смртни случаи – 728 (111 нови)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 9.728 (388 нови)
- Смртни случаи – 444 (29 нови)
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
https://vlada.mk/covid19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот
лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден
случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 12.04.2020
Сектор за превенција и контрола на заразни болести
Институт за јавно здравје