
Најдобар труд – “Зика вирус-предизвик во светски рамки“
Прим. д-р Жарко Караџовски, началник на Одделение за тропски, карантински заболувања и ХИВ/СИДА при Секторот за контрола и превенција на заразни болести е награден за трудот “Зика вирус-предизвик во светски рамки“, како најдобар стручен труд на 6-от конгрес на Сојуз на Здруженија на медицински лаборанти на РМ (СЗМЛСТРМ) и 44ти Октомвриски средби, одржани од 6 до 9 октомври во хотел Дрим, во Струга.
Спец. мед. лаб. Живадинка Цветановска, претставник на ИЈЗРМ го презентираше системот на поврзаност на информирање, предупредување и собирање податоци за појава на епидемија и итна интервенција на јавно здравствениот систем, преку системот за рано предупредување и надзор над заразни заболувања во Р.Македонија и брз одговор (АЛЕРТ-EWARN).
На собирот покрај претставници на Медицинскиот факултет од Скопје, ГОБ “8 Септември“, Авицена, Институт за јавно здравје, Висока медицинска школа од Битола, учествуваа и предавачи од Хрватска, Србија, БИХ, Словенија, Црна Гора.
Конгресот е значаен за современите пристапи во лабораториската медицина, каде што предавачите имаа можност да ги споделат своите знаења и да инспирираат меѓусебна соработка на професионалците, стручна размена на искуства и збогатување на знаењата.
Темите на Конгресот беа насочени кон запознавање со персоналната медицина и Зика вирусната инфекција, како предизвик во светски рамки, антимикробна резистенција, контрола и имунизација, и препораки на IFCC за стандардизација и примена.