rsz_cover_toalet

4,2 МИЛИЈАРДИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ ЖИВЕАТ БЕЗ СООДВЕТНО УПРАВУВАНИ САНИТАРНИ УСЛУГИ, ЧЕСТОПАТИ СЕ СООЧУВААТ СО МНОГУ ФОРМИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА.

 

673 милиони луѓе сè уште практикуваат дефекација на отворено ширум светот.

На глобално ниво, најмалку 2 милијарди луѓе користат извор на вода за пиење загадена со фекалии.

Несоодветната санитација се проценува дека предизвикува 432.000 смртни случаи од дијареа секоја година и е главен фактор во болести како што се цревни глисти, трахома и шистозомијаза.

Околу 1,5 милијарди луѓе ширум светот се заразени со хелминти пренесени во почва.

 

Се проценува дека 297.000 деца под пет години умираат секоја година од дијареа како резултат на небезбедна вода за пиење, санитација и хигиена на рацете.

Деца под пет години кои живеат во земји погодени од долготраен конфликт, во просек се со 20 пати поголема веројатност да умрат од дијареални заболувања предизвикани од недостаток на безбедна вода, санитација и хигиена отколку со директно насилство.

Една третина од основните училишта немаат основни санитарни и хигиенски услуги, што влијаат на едукација на милиони училишни деца, особено кај девојчиња во период на менструација.

1,5 милијарди луѓе користат здравствени установи без санитарни услуги.

70,8 милиони луѓе кои биле принудени да го напуштат својот дом како резултат на војната и прогонот, редовно се соочуваат со бариери за пристап до безбедни санитарни услови и услуги за вода.

Само 17% од бегалците имаат пристап до безбедно управувано санитарно живеалиште каде живеат. Ова е далеку зад глобалниот просек каде 45% од глобалното население има пристап до безбедно управувана санитација дома.

Побогатите генерално добиваат високи нивоа на услуги за WASH – вода, санитација и хигиена по (често многу) ниска цена, додека сиромашните плаќаат многу повисока цена за услуга со сличен или помал квалитет.

Slide2JPG

Губење на продуктивност заради болести поврзани со вода и санитација чини многу земји до 5% од БДП.

За секој $ 1 инвестиран во основните санитарни услови во урбаните средини, во просек се враќа 2,5 долари во заштедени медицински трошоци и зголемена продуктивност. Во руралните области, просечно се враќа 5 долари за секој инвестиран 1 $. (Хатон 2015)

Со зголемувањето на глобалната санитарна работна сила, санитарните работници треба да бидат заштитени од професионална изложеност, како што се повреди, асфиксија и патогени, преку соодветни мерки на здравје и безбедност.

Презентација за Светскиот ден на тоалетот