Политичката декларација за надзор над ХИВ/СИДА трансмисија од UNAIDS од 2012 – 2015 година предвидува цели и заложби за елиминација и постојано намалување на бројот на новопријавени случаи на инфекција и смртни случаи поврзани со ова заболување, одсоно девизата: Getting to zero – “Faster, Smarter, Better “, која треба да се оствари  преку:

  • Намалување на трансмисија на ХИВ меѓу населението.
  • Елиминација на стигматизацијата и дискриминацијата на лица со ХИВ.
  • Намалување на смртни случаи поврзани со ХИВ.
  • Превенција на ширење на ХИВ меѓу лица кои интравенски инјектираат дрога.
  • Спречување на смрт од ТБ, како коинфекција со ХИВ.
  • Намалување на јазот меѓу богатите и сиромашните држави, околу нивната финансиска инвестиција за превенција на ХИВ трансмисија.
  • Елиминација на половата нееднаквост поврзано со трансмисија и лекување на ХИВ.
  • Елиминација на транспортни рестрикции за лицата кои се ХИВ инфицирани.
  • Зајакнување на интеграцијата на лицата кои живеат со ХИВ во земјите.

Мотото на кампањата за 2015 година, по повод 1 Декември ќе биде “Let’s get to zero”Get  informed, get tested, don’t discriminate” . (Да дојдеме до нула случаи, информирај се, тестирај се, не дискриминирај)

Се проценува дека 34 милиони луѓе живеат со ХИВ во светски рамки. И покрај фактот дека ХИВ бил идентификуван во раните 80ти години, повеќе од 35 милиони луѓе се умрени како последица на СИДА-та, со што таа претставува една од најсмртоносните пандемии во историјата на човештвото.

Во 2014 година 1,2 милиони луѓе умреле како последица на ХИВ во глобални рамки.

  • Околу 36,9 милиони луѓе живеат со ХИВ на крајот на 2014 година. Околу 2 милиони луѓе се новоинфицирани со ХИВ истата година
  • Субсахарска Африка е најзафатен регион со 25,8 милиони луѓе кои живеат со ХИВ, што претставува околу 70% од сите инфекции со ХИВ регистрирани во светот
  • ХИВ инфекцијата најчесто се дијагностицира преку користење на брзи дијагностички текстови кои го детектираат присутвото/отсуството на ХИВ антитела
  • Не постои лек за ХИВ инфекцијата, меѓутоа ефективна ARVT (antiretroviral therapy, антиретровирусни терапија) може да го контролира вирусот и да помогне во превенција на трансмисија на лицата со ХИВ и на оние со голем ризик од негово постоење со цел, луѓето со ХИВ да можат да живеат здраво и продуктивно во животот
  • Се проценува дека во 2014 година само 53% од луѓето го знаат својот ХИВ статус
  • До средината на 2015 година во светски рамки, 15,8 милиони луѓе кои живеат со ХИВ можеле да примат антиретровисуна терапија
  • Меѓу 2000-2015 година, бројот на нови инфицирани лица е намален за 35%, смртните исходи поврзани со СИДА-та се намалени за 24% со што околу 7,8 милиони лица се спасени, како резултат на интернационалните напори
  • Проширената ARVT за сите луѓе кои живеат со ARVT може да спречи 21 милиони смртни исходи и 28 милиони нови инфекции до 2030-та година
  • Во 2014 година, 73% од проценетите 1,5 милиони бремени жени кои живеат со ХИВ, глобално примиле ефективна ARVT терапија со цел да спречат пренесување на ХИВ на плодот
  • Во европскиот регион на СЗО се дијагниостицурани преку 142 000 луѓе со ХИВ инфекција во 2014 година, што претставува рекордно највисок број на ново дијагностицирани инфекции за 1 година од почетокот на пријавувањето на ХИВ во раните 80ти години
  • “ХИВ дијагнозата кај мажи кои имаат секс со мажи е во зголемување со алармантна стапка од 30% во 2005, до 42% во 2014 година, со зголемување во најголем број на европски и ЕЕА држави“, според Директорот на ECDC Andrea Ammon

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ХИВ/СИДА

  1. СИДА / ХИВ – ВИРУС

СИДА/AIDS (Acquired immunodeficiency syndrome) е состојба која се карактеризира со постепено намалување на отпорноста на организмот кон инфекции. Предизвикана е од ХИВ (HIV-Human  immunodeficiency Virus), според тоа СИДА-та е терминална фаза на ХИВ инфекција.

  1. ЖИВОТЕН ЦИКЛУС НА ХИВ
  • Примарна ХИВ инфекција: Непосредно по контактот со ХИВ,
  • Клиничка латенција: По примарната ХИВ инфекција, може да поминат многу години без никакви симптоми на болест.
  • СИДА: Како резултат на постојано размножување на вирусот во тек на подолг временски период, настанува постепено намалување на одбрамбената способност на организмот. Затоа во овој краен стадиум на ХИВ инфекција може да се јават различни заболувања (опортунистички инфекции) и малигни болести кои се главна причина за болест и смрт од ХИВ инфекцијата.

       3. ИЗВОР НА ЗАРАЗА

  • Секрети и екскрети преку кои може да се пренесе ХИВ инфекцијата кај луѓето се: крв, сперма, вагинален и цервикален секрет,  мајчино млеко, секрет од рана, цереброспинална течност, плврална течност, синовијална, перитонеална, перикардијална и амнионска течност.
  1. НАЧИН НА ПРЕНЕСУВАЊЕ
  • Аплицирање на дрога кај интравенски корисници;
  • Хемодијализа;
  • Тетовирање, акупунктура;
  • Трансплантацијата на органи и ткива;
  • Професионална трансмисија – ги вбројува здравствените работници кои не ги почитуваат општите мерки за заштита;
  • При ризичен сексуален  контакт, ризикот изнесува 10-15%,
  • Вертикална трансмисија – во тек на бременост, породување или доење.

      5. ОПОРТУНИСТИЧКИ ИНФЕКЦИИ

  • Микроорганизмите кои обично не предизвикуваат болест можат да станат патогени кај некој со нарушен имун систем – тие ја користат можноста на слаб имун систем за да предизвикаат болест. Најчести опортунистички инфекции се: кандидијаза, Цитомегаловирусна (ЦМВ) инфекција, Херпес симплекс вирус (ХСВ), Пнеумоцистис карини пнеумониа (ПЦП), Токопласмоза, Туберкулоза (ТБ)
  1. СПРАВУВАЊЕ СО ХИВ ИНФЕКЦИЈАТА

Третманот на ХИВ е сложен, мултидисциплинарен процес во кој се вклучени повеќе групи на лекови: лекови кои делуваат директно на вирусот (антиретровирусни лекови), лекови кои делуваат на причинителите на опортунистички инфекции, и лекови за одржување и подобрување на имунитетот.

  1.    ХИВ – ТЕСТИРАЊЕ

ХИВ-тестот е специфичен тест со кој се утврдува или отфрла постоењето на ХИВ во организмот со земање  најчесто на примерок крв или плунка. Периодот кога треба да се направи тестот е најмалку  3 месеци од последното ризично однесување. За дијагностика се користат брзи Rapid test, ELISA и WESTERN BLOOD конфирматорен тест. Во Република Македонија постојат 14 советувалишта за ДДСТ каде може да се добие советување пред и по изведувањето на дијагностичкиот тест и од стручни лица да се процени ризикот за појава на ХИВ инфекција.

                                                               

Oдделение за тропски, карантински болести, ХИВ/СИДА и СПИ

Прим. д-р Жарко Караџовски, Спец. епидемиолог

Ж. Цветановска,  Спец. Мед. Лабор. аналитичар