И Н Ф О Р М А Ц И Ј А
за состојбата со мали сипаници во Република Северна Македонија
во 2018-2019 година, до 01.08.2019

Во периодот од 26.07-01.08.2019, пријавени се вкупно 5 нови случаи на мали сипаници.
Од вкупниот број на пријавени случаи, 4 случаи се од Скопје и еден е од Куманово.
Според возрасната дистрибуција, во тек на оваа недела пријавени се по еден случај на возраст под една година и од 1-4 години и 3 случаи на возраст над 30 години.
Според вакциналниот статус, 5-те случаи се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.
Вкупниот број на случаи од декември 2018 заклучно со 01.08.2019, во Република Северна Македонија изнесува 1.879 случаи со стапка на заболување од 90,8 на 100.000 жители.
Во тек е епидемија на мали сипаници на цела територија на С. Македонија.
Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 24 градови, од кои највисока инциденца на 100.000 жители се регистрира во Струга 165,1/100.000 (112 случаи), Куманово 162,6/100.000 (232) и Скопје 159,5/100.000 (985) (Картограм 1).
Картограм 1. Географска дистрибуција на случаи на мали сипаници во С. Македонија,
декември 2018 – јули 2019

SmartSelect_20190801-163055_Word

Возраста на заболените се движи од 1 месец до 63 години (медијана – 27,2 години). Најголем број на заболени се на возраст над 30 години – 844 (44,9%), а највисока инциденца од 1.377,7/100.000 жители се регистрира кај децата на возраст под една година (322 случаи, 17,1%), а кај децата на возраст од 1-4 години се регистрира инциденца од 302,7 на 100.000 жители (281 случаи, 14,9%) (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од мали сипаници во Македонија според
возраст, декември 2018-јули 2019 (n=1.880)

SmartSelect_20190801-163109_Word

Според вакциналниот статус, 1.511 или 80,4% од заболените лица се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Од невакцинираните лица, 322 (21,3%) се на возраст под 12 месеци и не подлежат на вакцинација, согласно Календарот за имунизација.

Од пријавените случаи, 843 или 44,9% биле хоспитализирани, а кај 298 (15,9%) се регистрирани компликации. Од нив, најголем број компликации биле кај деца од 0-4 години (n=135; 45,3%), и тоа 77 (25,8%) – кај деца до една година и 58 (19,5%) – кај деца на возраст 1-4г, што укажува дека овие возрасни групи – најмалите, се најзасегнати и подложни на компликации.
Од вкупно регистрираните 1.879 случаи на мали сипаници, 652 или 34,7% се лабораториски потврдени, 687 или 36,6% се епидемиолошки поврзани, додека 540 случаи (28,7%) се со клиничка слика на мали сипаници. Според резултатите добиени од примероците испратени во референтната лабораторија за мали сипаници во Луксембург, во државата циркулира генотипот B3 Dublin кој циркулира и во соседните држави.
Од почетокот на епидемијата, во Скопје се вакцинирани 16.333 деца, додека во останатиот дел од државата вакцинирани се 17.881 деца на возраст до 14 години кои подлежат на вакцинација. Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 34.214.
Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.108 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.
Сектор за контрола и превенција на заразни болести
ИЈЗ Скопје